Karovska Andonovska, Biljana and Volchinova, Radica and Petrova, Maja and Simonovski, Boban (2024) Примена на посебни истражни мерки - Случаи од правосудната практика на Република Северна Македонија. [Project]
![ПРИМЕНА НА ПОСЕБНИ ИСТРАЖНИ МЕРКИ.pdf [thumbnail of ПРИМЕНА НА ПОСЕБНИ ИСТРАЖНИ МЕРКИ.pdf]](https://eprints.ugd.edu.mk/style/images/fileicons/text.png)
ПРИМЕНА НА ПОСЕБНИ ИСТРАЖНИ МЕРКИ.pdf
Download (4MB)
Abstract
Развивањето на оваа збирка на судски случаи од македонската правосудна практика со применети посебни истражни мерки започна во мај 2023 година. Збирката ја документира примената на принципите за одобрување и спроведување на овие мерки. Документот првенствено е наменет за припадниците на правосудната полиција, јавните обвинителства и судовите. Публикацијата ќе има соодветен придонес кон стандардизација на дејствијата на релевантните субјекти во предистражната, истражната и кривичната постапка и во унапредување на квалитетот на дејствијата поврзани со примената на ПИМ, особено квалитетот на предлозите, барањата и наредбите за нивно определување. За потребите на овој проект, по барање на Академијата за судии и јавни обвинители, македонските правосудни органи делегираа три стручни лица со познавање на кривичната, а особено кривично-процесната материја и тоа од Основно јавно обвинителство Скопје, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Основниот кривичен суд во Скопје. Уредник на публикацијата е проф. д-р Билјана Каровска-Андоновска која воедно ја разви методологијата за систематизирање на случаите и за концептуализација на оваа збирка.
Item Type: | Project |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Military Academy |
Depositing User: | Biljana Karovska Andonovska |
Date Deposited: | 30 Sep 2024 06:30 |
Last Modified: | 30 Sep 2024 06:30 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/34727 |