Методика на настава по Географија

Dimitrov, Nikola (2024) Методика на настава по Географија. Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, Штип. ISBN 978-608-277-073-4 (Unpublished)

Full text not available from this repository.

Abstract

Живееме во многу динамично време во кое преку различни инструменти за комуникација секојдневно се среќаваме со разни форми на географски информации и воопшто со географијата. Имено, сите активно користиме современи дигитални уреди во секојдневниот живот, а такви уреди користат и учениците. Во образовниот систем традиционалниот начин на настава се повеќе се заменува во современи методи и техники. Значајно за методиката на наставата по географија е примена на современа технологија и тоа: електронски учебници, атласи, карти, компјутери, лаптопи, таблети, дигитални или „паметни“ училишни табели, дигитални училишни клупи итн.
Авторот преку овој учебник прави обид да ги презентира современите промени во наставата по географија. Така, учебникот е концепиран согласно наставната програма на наставниот предмет Методика на настава по географија, кој се реализира на студиска програма Географија, при Факултет за природни и технички науки, Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип.
Содржински текстот во учебникот опфаќа три дела поделени во седум теми или поглавија. Станува збор за следните теми: Прв дел - Теоретска методика, составена од 4 поглавја. Општи карактеристики; Кратка историја на географијата како наука и наставен предмет; Методологија на наставата по географија; Технологија на современата настава по географија; Втор дел - Практична методика, составена од 3 поглавја. Планирање на наставата по географија; Проверување и оценување (вреднување) на знаењата на учениците во наставата по географија; Изработка на годишно, тематско и дневно планирање; Трет дел - Прилози, со обрасци за годишни, тематски и дневни планирања.
Учебникот е во обем од 320 страници. Во учебникот покрај текстот распоредени се и 212 различни прилози (слики, табели, прегледи, графикони, шеми и карти). На крајот од учебникот поместена е користена литература и интернет веб страни.
Дел од материјалот презентиран во учебникот се лични примери од работилници и обуки реализирани со наставници по географија и лични фотографии од педагошки увиди во училишта, кога работев како советник по географија во Биро за развој на образовние на Република Македонија, ПЕ-Битола, МОН-Скопје (2002-2008). Како и фотографии од теренска настава и слободни ученички активности (како професор во основно и средно образование), потоа и фотографии, текст, презентации, нагледни часови од високо образование (како професор по група предмети на студиска програма Географија, меѓу кои и Методика на настава по географија 1 и 2 во ФПТН, при УГД,- Штип (2011-2024).
Целта на авторот е преку овој универзитетски учебник, студентите и другите корисници да добијат позавања и издржани размислувања за најважни прашања што ги третира методиката на настава по географија.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Nikola Dimitrov
Date Deposited: 19 Sep 2024 09:03
Last Modified: 19 Sep 2024 09:03
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/34657

Actions (login required)

View Item View Item