Kitanova, Irena and Stojanova, Ivana (2023) Улогата на библиотеката и професионалноста на библиотекарот во наставата/образованието. Трета меѓународна научна конференција на библиотекари, 39 (1/2). pp. 180-184. ISSN 2955-2028
Text
bibliotekarstvo Ohrid.pdf Download (919kB) |
Abstract
Овој труд претставува модел на библиотечна ориентација за влезните ученици од
сите основни и средни училишта како и за студентите од високите образовни институции
на додипломски студии, користејќи ја Националната Установа Универзитетска
библиотека „Гоце Делчев“ Штип како пример.
Воспитно-образовните институции и Библиотеката работат заедно за да обезбедат
непречена транзиција за учениците и студентите.
Во трудот разговараме за улогата на обиколките во библиотеката, библиотечните
вежби во образованието фокусирајќи се на соработката помеѓу вклучените оддели,
севкупниот одговор на учениците и студентите и придонесот на персоналот во
библиотеката. Воедно акцент ќе ставиме и на почетоците и развојот на насоката
библиотекарство во високото образование.
Нашата анализа се потпира на библиотечно истражување дополнето со
набљудувања, повратни информации и содржи податоци за бројот на запишани студенти
на отсекот Библиотекарство на УКИМ: Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“ во
периодот од 2018 до 2023 година.
Наодите од студијата сугерираат дека учениците имале корист од активностите во
периодот на ориентација, а нашите докази покажуваат дека, делумно поради вежбите,
повеќе студенти и ученици станале редовни корисници на библиотеката.
Клучни зборови: библиотека, образовни институции, високо образование.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Educational sciences |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Irena Kitanova |
Date Deposited: | 05 Sep 2024 09:22 |
Last Modified: | 05 Sep 2024 09:22 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/34606 |
Actions (login required)
View Item |