Gligorovski, Aleksandar and Zlatanovska, Katerina (2024) Промени во темпоромандибуларниот зглоб кај пациенти со ревматоиден артритис. In: Трет конгрес на студенти по Општа медицина, 17-18 May 2024, Stip, Macedonia.
Text
ilovepdf_merged (12).pdf Download (657kB) |
|
Text
Промени на тмз постер.pdf Download (188kB) |
Abstract
Вовед: Ревматоидниот артритис (РА) е автоимуна болест која зафаќа 1% од светската популација и се карактеризира со хроничнo воспаление на зглобовите. Иако РА најчесто се развива во зглобовите на рацете и нозете, многу често РА го афектира и темпоромандибуларниот зглоб (ТМЗ). Кај некои пациенти оваа состојба е следена со појава на болка, отворен загриз, ограничено движење и девијација на долната вилица.
Цел: Целта на оваа студија е да се направи анализа на инциденцата и патолошките промени кои настануваат на ТМЗ како резултат на ревматоиден артритис со пребарување на медицински бази на податоци (PubMed, Scopus).
Резултати: Резултатите од ова истражување укажуваат дека кај околу 60% од пациентите со ревматоиден артритис се регистрираат промени и на темпоромандибуларниот зглоб, меѓутоа зафатеноста на ТМЗ кај пациенти со ревматска болест варира во зависност од дијагностичките критериуми, проучуваната популација и средствата користени за дијагностика. 80% од ревматоидните пациенти се серопозитивни на Реуматоиден фактор (Rh). Поголема инциденца на промени на ТМЗ е регистрирана кај женскиот пол и пациенти со зголемената телесна тежина. Покрај субјективните симптоми, радиолошки се забележува и ресорпција на кондиларната глава, вклучително и кондиларниот продолжеток, што може да резултира со сериозни деформитети на лицето и да доведе до нарушена оклузија. Овие промени може да се детектираат со употреба на дополнителни дијагностички процедури како MRI или CBCT.
Заклучок: Често како последица на ревматоиден артритис настануваат промени и на ТМЗ. Сепак, редовната терапија, која вклучува фармакотерапија, сплинтови, артроцентеза и артроскопија, овозможува значително намалување на прогресијата на дегенеративните промени.
Клучни зборови: дегенеративни промени, ревматоиден артритис; сплинтови, темпоромандибуларен зглоб;
Item Type: | Conference or Workshop Item (Poster) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Katerina Zlatanovska |
Date Deposited: | 22 Aug 2024 09:47 |
Last Modified: | 22 Aug 2024 09:47 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/34555 |
Actions (login required)
View Item |