Улогата на манастирот Св. Јован Претеча с. Слепче за развој на туризмот во Пелагонискиот плански регион

Petkoski, Gjorgji and Koteski, Cane (2024) Улогата на манастирот Св. Јован Претеча с. Слепче за развој на туризмот во Пелагонискиот плански регион. Списание на трудови на ДНУ - Прилеп 36-37, 2020-2021 (36-37). pp. 94-100. ISSN 0352-3497

[thumbnail of УЛОГАТА НА МАНАСТИРОТ СВ. ЈОВАН ПРЕТЕЧА С. СЛЕПЧЕ ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ ВО ПЕЛАГОНИСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН.pdf] Text
УЛОГАТА НА МАНАСТИРОТ СВ. ЈОВАН ПРЕТЕЧА С. СЛЕПЧЕ ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ ВО ПЕЛАГОНИСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН.pdf

Download (1MB)

Abstract

Слепченски манастир се наоѓа на околу 3 км од с. Слепче, Општина Демир Хисар.
Манастирот „Св. Јован Претеча“ e еден од најголемите и добро сочувани манастирски комплекси во областа Железник и пошироко. Слепче се наоѓа во областа Железник, на 2 километри западно од градот Демир Хисар, а десно од патот Кичево - Демир Хисар, на 680 м. н. в. Сместено е во источните падини на Илиница. Земјиштето на Слепче е 24,5 км2, од кои шумите заземаат површина од 1737 ха или поголемиот дел од земјиштето, обработлива површина заземаат 365 ха, а пасиштата 367 ха. Манастирот располага со голем земјишен фонд, и освен инпиративен мир и тишина. Манастирот датира уште од 5 век, тој податок постои на една преклопна карта. Подемот Манастирот го доживува во Светоклиментово време кога станува ставропигијален манастир на Охридскиот Архиепископ. Манастирот прераснал во голем скрипториски центар, кој работел за потребите на архиепископијата.Тогаш во него се вршат преписи на книги, преводи од старогрчки и латински јазик за потребите на Охридската архиепископија, но се развива и творештвото во Манастирот, се пишуваат богословско - философски трактати, зборници и.т.н. Еден од најстарите сочувани артефакти е еден Апостол кој датира од втората половина на 10 век и 11 век, претставува палимпсест, а воедно и најстар препис на словенскиот превод на Апостолот директно од перото на светите браќа Кирил и Методиј. Овој ракопис е воедно и најстариот сочуван словенски Апостол, а денес помеѓу науката носи и латински назив Praxapostolos slepcensis.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Social and economic geography
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Cane Koteski
Date Deposited: 19 Aug 2024 10:39
Last Modified: 19 Aug 2024 10:39
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/34536

Actions (login required)

View Item View Item