Metodijeski, Dejan (2024) Храна и пијалаци. Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија, Скопје. ISBN 978-608-273-881-9
Text
Hrana i pijalaci.pdf Download (2MB) |
Abstract
Овој учебник има за цел да понуди сублимирање на литературата поврзана со храната и пијалаците и запознавање на учениците со можноста за препознавање на основните прехранбени намирници и пијалаци со кои ќе се среќава во текот на нивната образовна и професионална наобразба. Во разработката на материјалот, користена е релевантна литература од познати автори и институции од областа на храната и пијалаците. Материјалот е структуриран според наставната програма за предметот Храна и пијалаци кој се изучува во втора година во средните стручни училишта од сектор Угостителство и туризам. Учебникот е поделен на пет модуларни единици. Секоја модуларна единица е структурирана со кратка содржина, цели, клучни зборови и заклучок. Исто така, вклучени се прашања за проверка на знаењето и вежби.
Првата модуларна единица ги опфаќа содржините поврзани со поимот храна, методи за утврдување на квалитетот на храната, стандарди, пакување, складирање и транспорт на стоката, исхранат и нејзиното значење, прехранбени продукти и хранливи материи, протеини, јагленохидрати, липиди, витамини и минерални материи, енергетска вредност на прехранбените продукти и енергетска потреба на човекот, причини за расипување на прехранбените продукти и физички и хемиски методи на конзервирање.
Втората модуларна единица ги опфаќа содржините поврзани со поим и видови житарки, градба и хемиски состав на житарки, мелинички производи и пекарски производи. Исто така ќе биде разработено зеленчук, хемиски состав, видови и примена, печурки хемиски состав, видови и примена и овошје, хемиски состав, видови и примена.
Третата модуларна единица ги опфаќа содржините поврзани со примена на јајца во гастрономијата, градба и хемиски состав на јајцата, класификација и конзервирање на јајца, исто така и општи поими за месо, градба и хемиски состав на месо, месо од стока за колење, класификација на месо, добивање на месо, конзервирање и чување на месо, месо од пердувеста живина, месо од дивеч, месо од риби, ракови и школки и месо од други животни. Во оваа модуларна единица учениците ќе се запознаат со хемиски состав и биолошка вредност на млеко, преработено млеко, преработки од млеко, добивање на сирење и видови сирења.
Четвртата модуларна единица ги опфаќа содржините поврзани со примена на зачини во гастрономијата, нивната улога во готварство и слаткарство и видови зачини. Учениците ќе се запознаат со шеќерот и синтетички средства за засладување, шеќерните производи и медот. Исто така, и содржини кои се однесуваат за поимот масти и масла, масла од растително потекло и масти од животинско потекло.
Петата модуларна единица ги опфаќа содржините поврзани со безалкохолните и алкохолните пијалаци. Учениците ќе се запознаат со поимот безалкохолни пијалаци, чај, какао, кафе, овошни сокови и газирани безалкохолни пијалаци. Во овој дел е обработено и дестилационите и ферментационите алкохолни пијалаци, природни ракии, силни алкохолни пијалаци, виски, вински дестилати и ликери. Обработена е технологијата на производство на пиво, мани, болести и складирање на пивото и е опфатено значењето, производство, видови и начини на послужување, оценка и дегустација на виното во светот и кај нас.
Учебников е наменет за потребите на учениците во средните стручни училишта од Секторот угостителство и туризам. Истиот е изготвен со цел да се унапреди наставата по предметот Храна и пијалаци и да се подобри квалитетот на знаењето на учениците. Материјалот во учебникот е подготвен согласно препораките на Законот за учебници за основно и средно образование, како и Концепцијата за изработка на учебник и методологија за вреднување на учебник на Бирото за развој на образованието. Содржината е претставена концизно и прегледно, користени се дијаграми, табели и фотографии со што ќе биде лесно разбирлив и совладлив од страна на учениците за кои е наменет.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Dejan Metodijeski |
Date Deposited: | 09 Aug 2024 06:33 |
Last Modified: | 09 Aug 2024 06:33 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/34513 |
Actions (login required)
View Item |