Koceva, Daniela (2024) Социологија. Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип. ISBN 978-608-277-061-1
Text
Sociologija - R.pdf Download (2MB) |
Abstract
Учебникот Социологија е наменет за оние студенти што се на почетокот на студиите, но и за сите заинтересирани за елементарно познавање на социјалните феномени. Тој е резултат на желбата да се обезбеди јасно и систематско разбирање на основните принципи и концепции на социологијата.
Социологијата е наука која го проучува општеството, неговите системи, потсистеми, институции, процеси и промени. Таа е од суштинско значење за разбирање на современиот свет и за анализа на социјалните појави околу нас. Единствено социологијата може да понуди комплексно објаснување и разбирање на поимите и феномените.
Социологијата е најопшта наука за општеството и човековата заедница, која ќе ви помогне да го разберете светот и сопствената средина. Социологијата се занимава со систематско проучување на општественото однесување. Социологијата е наука за социјалниот живот на човекот – поединец, групата и општеството. Нејзиното подрачје е многу широко и навлегува во сите делови од животот на една заедница.
Секогаш човечкото општество е интригрантно, посебно неговиот развој, услови и промени. Од интересот за тоа што се случува со општеството, се појавила и самата социологија која и ден денес настојува да даде одговори под силното влијание на развојот на технологијата, техниката, интернетот, брзиот транспорт и глобализацијата.
Учебникот е изготвен согласно програмата за социологија и претставува учебно помагало на студенти на кои социологијата не им е основна дисциплина.
Во овој учебник се обидов да ги претставам основните теории, методи и теми кои се суштински за разбирањето на социологијата како наука. Секоја глава е структурирана на начин кој ќе го олесни учењето и разбирањето на материјалот, сѐ со цел да се дојде до некои темелни социолошки сознанија за нашата заедница, општеството и за светот во целина.
Се надевам дека учебникот ќе биде корисен инструмент за вашето образование и ќе ве инспирира да истражувате уште повеќе прашања поврзани со општеството и неговото функционирање. Затоа што колку повеќе ги познавате состојбите, условите, движењата, толку полесно го организирате вашиот живот и егзистенција.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Educational sciences Social Sciences > Sociology |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Daniela Koceva |
Date Deposited: | 07 Aug 2024 07:20 |
Last Modified: | 07 Aug 2024 07:20 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/34499 |
Actions (login required)
View Item |