Економска анализа на Геопарк Лесново: Истражување и подготовка на досие за апликација на Геопарк Лесново за членство во глобалната мрежа на Геопаркови при УНЕСКО

Lazarov, Darko (2019) Економска анализа на Геопарк Лесново: Истражување и подготовка на досие за апликација на Геопарк Лесново за членство во глобалната мрежа на Геопаркови при УНЕСКО. [Project]

[thumbnail of Економска студија за Геопаркот Лесново.pdf] Text
Економска студија за Геопаркот Лесново.pdf

Download (380kB)

Abstract

Физибилити анализата на Геопаркот Лесново е базирана на проценка на потенцијалните придобивки од овој проект, наспроти потребните трошоци кои треба да се направат со цел имплементирање на превидените проектни активности во процесот на интегрирање на Геопаркот Лесново во глобалната мрежа на Геопаркови на УНЕСКО.
Направената анализа врз база на опсервација на постоечките трендови поврзани со бројот на туристи во регионот на Општина Кратово и Општина Пробиштип и направените проценки поврзани со зголемување на атрактивноста на овој регион поради прогласување на Геопаркот Лесново од страна на УНЕСКО и негово интегрирање во глобалната мрежа на геопаркови покажуваат дека бројот на туристи значително ќе се зголемува во наредниот период.
Имено, според официјални статистички податоци на Државниот Завод за Статистика и направени Анкети за бројот на посетители од страна на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот Гоце Делчев – Штип, во 2018 година на просторот каде е планиран Геопаркот Лесново е проценета посета на околу 6.000 туристи (2.5000 туристи во Општина Пробиштип и 3.500 туристи во Општина Кратово). Од вкупниот број на посетители според истите извори на податоци во Општина Пробиштип има околу 625 дневни посетители и 1.875 посетители со ноќевање, додека во Кратово околу 875 дневни посетители и 2.625 посетители со ноќевање или на територијата на Геопаркот Лесново има 1.500 дневни посетители и 4.500 посетители со ноќевање.
Според нашите проценки кои се базирани на трендовите во изминатиот период, сместувачките и угостителските капацитети, и очекувања за зголемување на туристичката атрактивност на регионот поради Геопаркот Лесново, се очекува зголемување на бројот на дневни посетители за 20% во првите две години по етаблирање на Геопаркот Лесново, додека за 25% годишно до крајот на анализираниот период. Тоа би значело дека дополнителниот број на туристи кои ќе реализираат дневни посети во просторот на Геопаркот Лесново ќе биде околу 8.000 туристи во целиот анализиран период од 10 години или поросечно 800 дополнителни туристи секоја година.
Дополнително, нашите проценки покажуваат дека ќе се зголеми и бројот туристи кои ќе реализираат ноќевање во некој од сместувачките капацитети во просторот на Геопаркот Лесново и тоа зголемување се проценува на 10% годишно во текот на анализираниот период. Во апсолутен износ тоа би значело зголемување на бројот на ноќевања во просторот на Геопаркот за вкупно 7.155 ноќевња за анализираниот период или во просек 715 годишно.
Анализите за број на дополнителнителни туристи заедно (дневни посети и ноќевања) кои се проценува дека ќе се оствари како резултат на Геопаркот Лесново покажуваат дека ќе биде повеќе од 15.000 туристи во рамките на анализираниот 10 годишен период.
Со цел да се проучи исплатливоста на проектот за Геопаркот Лесново и да се одговори на прашањето дали истиот е подобен т.е. дали ќе обезбеди позитивни прободивки за земјата, посебно за регионот на Кратово и Пробиштип направена е физибилити анализа која е базирана на погоре направените проценки за трошоците за реализација на предвидените проектни активности (инвестиции), трошоците за одржување и трошоците за менаџирање со Геопаркот, како и проценка на придобивките од зголемување на бројот на туристи.
Нето сегашна вредност (NPV) и Интерна стапкана рентабилност (IRR) како клучни економски показатели во физибилити анализата се позитивни и упатуваат на заклучокот дека проектот за Геопаркот е економски ефикасен и одржлив како што се потврдува и со односот трошоци – придобивки. Имено, согласно добиените резултати, нето сегашната вредност (NPV) изнесува 116.745 евра, а интерната стапка на рентабилност (IRR) е 17%.
Комерцијалните придобивки од програмата јасно укажуваат на нејзината економска исплатливост и одржливост. Ако во проценката на комерцијалните продобивки се земат во предвид приходите кои ќе бидат остварени преку меѓународни научно-истражувачки и едукативни проекти погоре изнесените заклучоци за економската исплатливост и одржливост на овој проект се уште посилни и поочигледни.

Item Type: Project
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Darko Lazarov
Date Deposited: 01 Jul 2024 07:38
Last Modified: 01 Jul 2024 07:38
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/34391

Actions (login required)

View Item View Item