Стратегијата за геолошки истражувања и одржливо искористување на минералните суровини на Република Северна Македонија, 2025-2045: Економска анализа на секторот рударство во РСМ

Lazarov, Darko (2024) Стратегијата за геолошки истражувања и одржливо искористување на минералните суровини на Република Северна Македонија, 2025-2045: Економска анализа на секторот рударство во РСМ. [Project] (Unpublished)

[thumbnail of ману стратегија.pdf] Text
ману стратегија.pdf

Download (0B)

Abstract

Економската анализа на секторот рударство има за цел да го квантифицира придонесот и важноста на овој сектор и да го утврди неговото реално значење и улога во националната економија. Оваа анализа треба да расчисти некои дилеми и оспорување на економската важност и значење што овој сектор го има во дадената економска констилација на ниво на национална економија, но многу повеќе во економскиот развој на одредени региони во Република Северна Македонија.
Оваа анализа не подразбира само квантифицирање и утврдување на директното влијание што секторот рударството и вадење на камен го генерира во македонската економија преку индустриското производство и додадената вредност, извозот, инвестициите, креирање на работни места, придонесот во буџетот и другите директни канали на економско влијание, туку многу повеќе опфаќа квантифицирање на индиректните и индуцираните ефекти што овој сектор ги иницира преку различните канали на влијание.

Имено, мултипликативните ефекти не досегаат само до нивото на директните снабдувачи и нарачатели на влезната и на излезната страна, туку се шират и натаму допирајки до крајната периферија на репродукциските циклуси, при што, таа трансмисиона дифузија преку “forward“ релациите кон повисоките фази на финализацијата како и кон претходните фази преку “backward“ индустриските врски генерира дополнителни акцелерирачки позитивни импулси во националната економија во целина и има силни рефлексии врз макроекономските перформанси на земјата.
Не помалку важно, економската анализа на секторот рударство не е единствено насочена кон квантифицирање на економските ефекти (директни, идниректни и индуцирани), туку ги зема во предвид во една поширока смисла и социо-општествените аспектите поврзани со корпоративно-општествената одговорност на компаниите од овој сектор и нивниот придонес во социо-економскиот развој на одделните региони во државата каде се лоцирани и делуваат.

Самата анализа е базирана на примена на два методолошки пристапи. Првиот пристап е засновата на квантитативна анализа за утврдување на директните ефекти на секторот рударство и вадење на камен врз националната економија. Вториот пристап е базиран на примена на инпут – аутпут модел кој овозможува квантифицирање и егзакна проценка на влијанието на индиректните (индиректни и индуцираните) економски ефекти.
За потребите на анализа за квантифицирање на директните ефекти се користени официјални податоци од надлежни институции како што се: Државен завод за статистика, Министерство за економија на Република Северна Македонија, Управата за јавни приходи (УЈП), Царинската управа на РСМ и други надлежни институции. Дополнително, за подетално проучување на репродукциските процеси и индустриски врска со цел проценка на индиректните ефекти се користени примарни податоци добиение преку структурирано анкетно истражување спроведено на репрезентативна група на компании од секторот рударство и вадење на камен.
Истовремено, беше организирана стручна тематска дискусија и дебата со релевантните чинители (компании, надлежни институции, креатори на политики, стопански комори, академија и сл.) по однос на прашањата поврзано со економоското значаење на секторот рударство и вадење на камен за македонската економија. Заклучоците од организираната фокус група имаше за цел проверка и валидирање на добиените резултати од самата анализа.

На крај, за емпириска проценка на индуцираните ефекти кои се сличуваат преку финалната потрошувачка на добра и услуги, се земени некои претпоставки и претходно естимирани коефициенти врз база на спроведени економетриски и друг тим на истражувања. Истовремено, во спроведеување на анализата за квантифицирање на мултипликативните ефекти се земени во предвид одредени претпоставки од некои претходни истражувања, особено истражувањето што Стопанската комора на Северна Македонија го има спроведено за секторот металургија и базични метали.

Item Type: Project
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Darko Lazarov
Date Deposited: 26 Jun 2024 05:48
Last Modified: 26 Jun 2024 05:48
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/34335

Actions (login required)

View Item View Item