Постимплантациски и психосоцијални параметри за оцена на прогресијата во комуникациските капацитети кај деца со кохлеарни импланти

Zeqiri, Besim (2024) Постимплантациски и психосоцијални параметри за оцена на прогресијата во комуникациските капацитети кај деца со кохлеарни импланти. Doctoral thesis, Goce Delcev University, Stip.

[thumbnail of ПДФ Принт.pdf] Text
ПДФ Принт.pdf

Download (1MB)

Abstract

Вовед: Долги години наназад, знаковниот јазик се користи за ублажување на предизвиците да се биде глув, а уште подолго бил единствен начин на интервенција. Меѓутоа, во последниве години, во развиените земји се имплементираат технолошки потпомогнати хируршки импланти, односно кохлеарни импланти. Нивната ефективност, сепак, е различна врз основа на возраста на детето за време на имплантација, но и други социо-економски фактори.
Цел на трудот: Да се идентификуваат постимплантациските параметри како акцелератори на успешност на рехабилитација на деца со кохлеарен имплант во Република Северна Македонија, како и да се посочат предимплантациски и социо-демографски фактори со предиспозиции за подобри резултати.
Техники и методи: Во истражувањето беа вклучени 40 педијатриски пациенти со кохлеарен имплант од Северна Македонија. Заради специфичноста на темата која вклучува повеќе аспекти на говорните и комуникациски капацитети на овие пациенти, користени се техника на тестирање и анализа на документација. Како инструменти за тестирањето служеа пет тестови: Развојна скала по Рејнел III, Комуникациска развојна скала Кораље, Средна должина на исказот, Peabody III и Тест за испитување на артикулација - базиран на Глобалниот артикулациски тест. Истражувањето беше одобрено од ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас – Скопје.
Резултати: Не постојат значајни разлики во синтаксичкиот развој кај децата според ниту еден предоперативен и постоперативен фактори, но пет фактори значајно корелираат со остварениот синтаксички развој. Предоперативни се: полот (р=0,001 и r=0,496), дете по ред во семејството (р=0,009 и r= -0,408), степенот на образование на родителите (р=0,020 и r=0,367), времето поминато во социјална интеракција (р=0,005 и r=0,434) и периодот на рехабилитација пред кохлеарната имплантација (р=0,002 и r=0,478). Од анализираните постимплантациски фактори со синтаксичкиот развој сигнификантно корелира само вкупниот период на рехабилитација (р=0,009 и r=0,410).
Во однос на рецептивниот и експресивeн говор постојат разлики според предоперативни фактори: возраст на кохлеарна имплантација (р=0,008), период на глувост (р=0,014), семејни приходи (р=0,033) и период поминат на рехабилитација пред
кохлеарната имплантација (р=0,001), додека од постимплантациските фактори само според времетраењето на целокупната рехабилитација (р=0,003). Од предимплантациски фактори со степенот на рецептивeн и експресивeн говор кај децата со кохлеарен имплант корелираат значајно: возраста на кохлеарната имплантација (р=0,002 и τb= -0,424), времето поминато во глувот (р=0,005 и τb= -0,388), периодот на рехабилитација пред имплантацијата (р=0,001 и τb=0,526) и приходите во семејството (р=0,006 и τb=0,363). Од постимплантациските фактори кои ги земавме во предвид ова истражување, само вкупното време на рехабилитација (пред и по операцијата) е сигнификантно поврзано со постигањата во говорот (р=0,000 и τb=0,487).
Артикулативниот статус кај децата се разликува според возраста на кохлеарната имплантација (р=0,019 и F=5,990), висината на приходите во семејството (р=0,018 и F=6,150), времето кое детето го поминува во интеракција (р=0,008 и F=7,895), времето на рехабилирација пред имлантацијата (р=0,001 и F=14,255) и вкупниот период на рехабилитација (р=0,000 и F=20,213). Од предоперативните фактори, артикулацијата значајно корелира со полот на детето (р=0,037 и r=0,330), со средината на живеење (р=0,037 и r=0,330), кое дете е по ред родено во фамилијата (р=0,005 и r= -0,434), возратсна имплантацијата (р=0,023 и τb= -0,333), времето на рехабилитација пред имплантацијата (р=0,001 и τb=0,527), приходите во семејството (р=0,021 и τb=0,320) и социјална интеракција (р=0,015 и τb=0,344). Од постимплантациските фактори значајно е само вкупното времетраење на рехабилитацијата на децата (р=0,000 и τb=0,547).
Резултатите потврдуваат дека трите испитувани аспекти на говорот кај децата со кохлеарни
импланти се значајно поврзани меѓу себе.
Заклучок: Педијатриските пациенти со кохлеарни импланти покажуваат различен степен на синтаксички развој, рецептивен и експресивeн говор и артикулативен статус, но сите аспекти на говорот меѓусебно се значајно зависни.
Клучни зборови: кохлеарен имплант, педијатриски пациенти, говор.

Item Type: Thesis (Doctoral)
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Lence Miloseva
Date Deposited: 24 Jun 2024 07:36
Last Modified: 24 Jun 2024 07:36
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/34309

Actions (login required)

View Item View Item