Истражување за ефектот на новите технологии, со особен фокус на вештачката интелигенција, врз човековите права на интернет и развивање етички стандарди за заштита на човековите права на интернет при автоматско донесување одлуки

Kambovski, Igor and Stojanovska, Elena (2024) Истражување за ефектот на новите технологии, со особен фокус на вештачката интелигенција, врз човековите права на интернет и развивање етички стандарди за заштита на човековите права на интернет при автоматско донесување одлуки. Metamorphosis. pp. 1-47.

[thumbnail of finalno_istrazuvanje-za-efektot-na-veshtachkata-inteligencija-vrz-chovekovite-prava.pdf] Text
finalno_istrazuvanje-za-efektot-na-veshtachkata-inteligencija-vrz-chovekovite-prava.pdf - Published Version

Download (1MB)

Abstract

Вештачката интелигенција (ВИ) и нејзината интензивна употреба се релативно нов феномен. Меѓутоа, степенот до кој може да влијае на секојдневниот живот на луѓето, на редизајнирањето на деловните процеси и начинот на функционирање и организирање на секојдневните општествени, економски, социјални, трговски, политички, демократски и други видови процеси, и тоа глобално и за исклучително кратко време, е огромен и е многу непредвидлив. Од што се состои суштинската промена? Компјутерите, информатичките и комуникациските технологии и процесите на дигитализација примарно претставуваа средства и начини кои го олеснуваа собирањето, складирањето и обработката на податоци, со цел да се зголеми квалитетот и брзината на работата на луѓето. Сепак, со брзиот развој и проширување на примената на вештачката интелигенција - благодарение на нап редокот на длабоките невронски мрежи, зголемувањето на количеството на податоци погодни за машинско учење и зголемената достапност на микропроцесори погодни за обемни нумерички пресметки – се овозможи на компјутерите, роботите и други автоматизирани производи да извршуваат активности кои претходно биле карактеристични само за луѓето. Ова им овозможува на роботите да бидат користени за вредни и хумани цели (како на пример - опасни активности во рудници или во вселената) или на компјутерите да донесуваат заклучоци врз основа на обработка на огромни количини на податоци (на пример - анализирање на снимки и наоди за да се обезбедат попрецизни медицински дијагнози) и да се предвидат одредени настани (како што се економските модели и трендови или временската прогноза). Гледано од тие аспекти, корисноста на вештачката интелигенција е неспорна и неприкосновена. Сепак, потребно е да се земе предвид и проблемот со намалување на бројот на работни места (на пр. во банкарството, јавната администрација, индустријата). Од друга страна, пак, во областа на воената индустрија сè уште преовладува идејата и перцепцијата за корисноста на вештачката интелигенција во однос на свесноста за ризиците што веќе се случиле или потенцијално можат да се случат во иднина. Овие ризици се поврзуваат со појавата и развојот на таканаречената супер-вештачка интелигенција, која самостојно и сè понезависно се подобрува и интензивно се надградува, истата донесува одлуки на свој начин и постои реална можност, дури и опасност, да излезе од контрола и регулација.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Igor Kambovski
Date Deposited: 17 Jun 2024 12:37
Last Modified: 17 Jun 2024 12:37
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/34289

Actions (login required)

View Item View Item