Mitreva, Mila (2024) Влијанието на институционалните инвеститори врз пазарот на капитал и економскиот раст. Doctoral thesis, "Ss. Cyril and Methodius" University, Skopje, N. Macedonia.
Text
лекториран докторски труд.pdf Download (3MB) |
Abstract
Институционалните инвеститори се важни учесници на финансиските пазари. Нивното влијание и улога зависи од повеќе фактори, како што се степенот на финансиски развој на земјите и нивото на економски развој. Во тој контекст неспорен е фактот дека влијанието коешто ќе го имаат
институционалните инвеститори врз пазарот на капитал и економскиот раст ќе зависи од самата економска зрелост на државите. Притоа, целта на оваа докторска дисертација е да го покаже влијанието на институционалните инвеститори (пензиски фондови, осигурителни компании и инвестициски фондови) врз економскиот раст и врз пазарот на капитал во група на развиени земји и земји во развој. Направена е категоризација на две групи на земји за да може да се увидат главните разлики и да се прецизираат главните фактори на влијание, со цел да се дадат понатамошни насоки за развивање на политики за поттикнување на инвестициските активности на институционалните инвеститори. За да може да се добијат веродостојни резултати, земен е поголем период на анализа
од 2007-2021 година за група на 15 развиени земји кои се членки на Организацијата за Економска соработка и развој (OECD): Австрија, Белгија, Чешка, Германија, Шпанија, Естонија, Финска, Франција, Грција, Унгарија, Италија, Литванија, Словенија, Шведска и Исланд и од 2012-2020 за
земјите во развој кои воедно ги опфаќаат Балканските земји: Албанија, Бугарија, С.Македонија и Србија. Базата на податоци е добиена од Светска Банка, Организацијата за Економска соработка и развој и други статистички бази, а емпириската анализа е спроведена во E-Views статистичката
платформа. Пред спроведувањето на емпириските тестови во оваа докторска дисертација е даден детален теоретски приказ на постоечката литература на оваа проблематика.
Item Type: | Thesis (Doctoral) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Mila Mitreva |
Date Deposited: | 10 Jun 2024 08:53 |
Last Modified: | 10 Jun 2024 08:53 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/34258 |
Actions (login required)
View Item |