Magdinceva Sopova, Marija and Stojanovska-Stefanova, Aneta and Petroska-Angelovska, Neda (2024) Македонскиот случај на политики за дигитална трансформација на финансиското известување. Računovodstvo i revizija u teoriji i praksi, 6 (6). pp. 23-30. ISSN 2637-272X
Text
Zbornik radova-Racunovodstvo-i-revizija-u-teoriji-i-praksi-2024.pdf Download (4MB) |
Abstract
Користењето на придобивките од дигитализацијата е заложба на сите деловни субјекти и државни институции како регулатори на бизнис работењето. Преку процесот на дигитална трансформација се олеснуваат деловните активности кои ги извршуваат претпријатијата и се подобруваат услугите кои ги извршуваат државните институции. Во согласност со законската регулатива на Република Северна Македонија, правните лица имаат обврска да водат сметководство и билансните шеми да ги достават до Регистарот за годишни сметки при Централниот Регистар.Електронското поднесување на годишна сметка се врши преку системите на Централниот регистар.
Предметот на истражување во рамки на овој труд е фокусиран кон истражување и анализа на имплементираните политики за дигитална трансформација на процесот на доставување на финансиските извештаи од страна на деловните субјекти во Р.С.Македонија. Истражувањето ќе биде спроведено со примена на методите на анализа, компарација и дескриптивниот метод при што фокусот на истражувањето ќе биде насочен кон согледување на предусловите за имплементирање на процесот на дигитално доставување на финансиските извештаи до институцијата Централен регистар.
Добиените сознанија од спроведеното истражување, ќе бидат објаснети во заклучокот од трудот.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business Social Sciences > Law Social Sciences > Other social sciences Social Sciences > Political Science |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Aneta Stojanovska |
Date Deposited: | 10 Jun 2024 08:34 |
Last Modified: | 10 Jun 2024 08:34 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/34253 |
Actions (login required)
View Item |