Појава на хепатит Б и Ц кај дарители на крв

Danilova, Marina (2011) Појава на хепатит Б и Ц кај дарители на крв. In: XI семинар за квалитет, контрола, информатика и заштита во медицинска лабораториска дијагностика. (Submitted)

[thumbnail of __fileserver_userfiles$_marina.danilova_Desktop_Pojava na hepatit B i C.pdf]
Preview
Text
__fileserver_userfiles$_marina.danilova_Desktop_Pojava na hepatit B i C.pdf

Download (116kB) | Preview
[thumbnail of хепатит Б и Ц кај дарителите на крв.pdf]
Preview
Text
хепатит Б и Ц кај дарителите на крв.pdf

Download (262kB) | Preview

Abstract

Вовед: Хепатитис Б вирусот (HBV) и хепатитис Ц вирусот (HCV) се чести крвно-преносливи патогени кои водат до сериозни нарушување на здравјето. Хепатитис Б вирусната инфекција се развива спорадично и се карактеризира со тоа што акутниот хепатитис Б може да прогредира кон хроницитет (кај 5% од возрасните) и развој на хроничен перзистентен хепатитис, хроничен агресивен хепатитис, црнодробна цироза и хепатоцелуларен карцином. HCV првенствено го напаѓа црниот дроб, при што инфекцијата се манифестира со симптоми на акутен, фулминантен и хроничен хепатитис, но болеста може да се манифестира и со екстрацрнодробни манифестации. Според СЗО, во светот има повеќе од 350 милиони лица кои што се хронични носители на HBV и повеќе од 170 милиони лица, инфицирани со HCV. Инфекцијата со HBV по трансфузија на крв стана ретка по воведувањето на тестот за HBsAg во почетокот на 1970 година, но останува една од најсериозните компликации од трансфузија во земјите со висока и средна преваленца на HBV. Тестови за откривање на вирусот на хепатит Ц во донираната крв постојат од 1992 година, затоа пред таа година многу инфекции настанувале како последица на трансфузија со заразена крв. За намалување на ризикот од инфекција преку инфицирана крв неопходно е користење на игли и шприцеви за еднократна употреба или доколку тоа не е можно потребна е нивна правилна стерилизација.
Цел: да се прикаже бројот на регистрирани позитивни случаи на HBV и HCV кај дарителите на крв во РЕ Трансфузиологија при Клиничката болница во Штип во текот на 2010 година и да се објаснат начините на превенција.
Материјал и методи: за изработка на трудот користени се извештаите од одделот за трансфузиологија при Клиничка болница во Штип во периодот на 2010 година.
Резултати: во РЕ Трансфузиологија при Клиничката болница во Штип во 2010 година од вкупно 3787 земени единици крв позитивни на HBsAg биле 47 додека на HCV 15.
Заклучок: Хепатит Б и Ц се болести кои го уништуваат хепарот и од кои заболуваат се поголем број на луѓе. Со цел да се намали бројот на инцицирани лица преку трансфузија на крв потребно е задолжително да се тестираат крвните единици, да се прави добра селекција на крводарителите и населението да се едуцира.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Marina Danilova
Date Deposited: 23 Jan 2013 15:11
Last Modified: 24 Feb 2014 09:23
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/3419

Actions (login required)

View Item View Item