Учебник по „Изолација на природни продукти“ (второ издание)

Gorgeska, Biljana and Kostadinovic Velickovska, Sanja (2024) Учебник по „Изолација на природни продукти“ (второ издание). Универзитет „Гоце Делчев“-Штип, Издавачка дејност, е-библиотека, Stip. ISBN 978-608-277-057-4

[thumbnail of учебник.pdf] Text
учебник.pdf

Download (7MB)

Abstract

Природните продукти служеле како важен извор на активни компоненти уште од древните времиња и околу половината од корисните дроги денес се добиени од природни
извори. Фактот што тие претставуваат повеќекомпонентни системи останува како критичен фактор со кој може да се осигура дека методите за откривање на нови лековити компоненти од природно потекло може да се натпреваруваат со последните, најново развиени технологии како што се високонапредните скрининг методи за комбинирани испитувања на синтетски продукти. Ефикасната употреба на автоматизирани процедури и бази на податоци за изолација, идентификација и биолошко профилирање на биоактивните состојки
од природните извори е најдобра гаранција за постојаното откривањето на нови генотипови во природните производи. Проучувањата структура-активност, во комбинација со
компјутеризираните методи, доведува до откривање модели на активност на потенцијално активни молекули и резултира со селекција на молекули со оптимална
биоактивност и биорасположивост, помалку несакани ефекти и прифатлив терапевтски индекс, а следствено на тоа и потенцијални нови соединенија за развој на нови лекови.
Во второто издание од овој учебник по предметот „Изолација на природни продукти“ во вкупно единаесет (11) поглавја објаснети се најупотребуваните методи и техники за изолација на природни продукти од комплексни смеси, структурата на изолираните продукти како и индустриско производство на природни продукти кои може да се употребуваат како лекови.

Item Type: Book
Subjects: Natural sciences > Chemical sciences
Medical and Health Sciences > Health sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Sanja Kostadinovik
Date Deposited: 31 May 2024 07:46
Last Modified: 31 May 2024 07:46
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/34183

Actions (login required)

View Item View Item