Исповед на бршленот

Denkova, Jovanka (2024) Исповед на бршленот. Јованка Денкова, Штип. ISBN 978-608-66129-1-7

[thumbnail of Ispoved na brslenot.pdf] Text
Ispoved na brslenot.pdf

Download (223kB)

Abstract

Рецензија за поетската збирка Исповед на бршленот
Поетскиот ракопис Исповед на бршленот од Јованка Денкова претставува провокативна средба во која читателот се соочува со исписот и резулатот од творечката лабораторија на книжевниот критичар и исеист, универзитетски професор кој е застанат на страната за проследување и вреднувње. Веднаш да забележиме оти имаме пример на успешно естетско и етичко обединување на обете нивоа книжевно создавање. Шеесетте песни се поделени во три циклусни целини. Таквата структура има осмислена творечка тенденција за остварување на своевидно свето тројство во системот кога животот се пресоздава со одговрноста пред зборот во литература. За авторката според постапката на поетскиот говор/писмо поезијата е систем на чувства. И самата забележува оти песните се нејзината душа. Лирскиот третман ги раздиплува сите прашања, недоумици и дилеми од егзистенцијата на субјектот/човекот поставени или поточно спротивставени во времето и просторот. Темите и мотивите извираат длабоко од душата и потекуваат како вековити и лековити води испишувајќи/исцртувајќи ја фреската на срцето. Интимниот свет се огледува во едно невидливо огледало во постојана, вечна потрага по мислата и смислата на постоењето. Индивидуалното е само извор или одраз на мигот за релевантните животни искушенија на минливоста, бесмислата, апусрдот и парадоксот.
Јованка Денкова со јас формата ги воспева, всушност, универзалните, општочовечки вредности и дименизии да се биде човек, среќно и радосно битие, зашто покрај тагите и радостите како неделива целина, еднаш и кратко дадениот човечки живот бил и останува ода на радоста. Сегашноста е златна врска меѓу минатото и иднината. Оттука и хронологијата на стихозбирката Исповед на бршленот почнува со минатото, временска категорија со која е и насловен првиот циклус. Се претураат одминатите и златни времиња, се обновуваат старите пожотелни фотографии и спомени, се досонуваат настани и случки од детството и младоста. Вториот циклус Откривање на светот е мигот сегашен. Во превртеното и забревтано време се бараат подзаборавените вредности на човекувањето во добрината, разбирањето, љубовта, довербата, почитта, соработката или со еден збор позитивната енергија во создавањето на трајните, вечни вредности и светот. Наспрема колективното чувствување и чествување, поетесата Денкова во завршниот трет циклус Другата во мене свртена кон идното време одново ги става препознавањата, а со тоа и колективното меморирање на вистинските мери од древната вистина оти човекот не е човек по тоа што ќе го каже, туку по тоа што го осознал и премолчел. Песните се душа, тие не ја поднесувата лагата, та стихот се престорил во крик со поразијата наместа напукнати се прозорците на душата.
Васил Тоциновски

Item Type: Book
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Jovanka Denkova
Date Deposited: 30 May 2024 08:00
Last Modified: 30 May 2024 08:00
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/34179

Actions (login required)

View Item View Item