„Постконфликтниот уставен инженеринг и улогата на меѓународниот фактор во креирањето на т.н. октроирани устави: дилеми и проблеми“

Doneva, Natasa (2024) „Постконфликтниот уставен инженеринг и улогата на меѓународниот фактор во креирањето на т.н. октроирани устави: дилеми и проблеми“. Doctoral thesis, Faculty of Law "Iustinian Primus"-Skopje.

[thumbnail of Наташа Донева докторска дисертација.pdf] Text
Наташа Донева докторска дисертација.pdf

Download (719kB)
[thumbnail of Наташа Донева докторска дисертација.pdf] Text
Наташа Донева докторска дисертација.pdf

Download (719kB)

Abstract

Во ерата на глобализација, неспорна е поврзаноста на меѓународното и внатрешното право, како и нивното меѓусебно влијание. Впрочем, нема устав што не се повикува на
меѓународното право, не само во преамбулата, туку и во нормативниот текст. Сведоци сме на континуирана миграција на уставните норми, како и на промена на поимањето на суверенитетот, којшто е далеку од неограничен.
Во морето меѓународно-национални взаемни односи, јас ќе се фокусирам на примерите на меѓународно влијание при креирањето и/или промената на националните устави, со посебен осврт и акцент на т.н. октроирани устави, чиј главен творец се странски актери.
Една од причините поради кои се одлучив да пишувам на оваа тема е т.н. „уставен инженеринг“. Синтагмата „уставно инженерство“, како поим звучи нејасно, односно
амбивалентно. Овој нов термин се однесува на процесот на креирање, односно на создавање или менување на уставот, најчесто во постконфликтни услови, повеќе како механизам за
стабилност и мир, во функција на стабилитократијата, одошто како темел и гарант за демократија и правна држава.
Наспроти државите со импозантен уставоправен континуитет од еден или повеќе од два века, постојат малубројни примери на држави без (по)долг уставоправен континуум,
или со уставоправен дисконтинуитет, со чести и нестандардни промени, од кои некои, крајно невообичаени, па и непознати во компаративното уставно право. Затоа, неминовно
се поставуваат низа прашања, како: „Која е „тајната“ причина за (не)успехот на еден устав?“; „Кои се решенијата што гарантираат долг и стабилен живот на еден устав, правејќи
го цврст?“; „Како е можно формално-правно цврстиот устав да стане мек во реалноста?“;
„Кои се причините за фрагилноста, оспоруваноста и нестабилноста на некои устави?“

Item Type: Thesis (Doctoral)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Natasa Doneva
Date Deposited: 20 May 2024 12:14
Last Modified: 20 May 2024 12:14
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/34109

Actions (login required)

View Item View Item