Azeski, Branko and Lazarov, Darko (2024) Нов договор за економски развој. Economic Chamber of North Macedonia. ISBN ISBN 978-608-4975-03-8
Text
Book_New Deal for Economic Development.pdf Download (302kB) |
Abstract
Стопанската комора на Северна Македонија во континуитет сиот
изминат период се обидува да придонесе во подобрувањето на економските, инвестициските и на бизнис-условите во земјата преку конструктивни иницијативи, предлози и конкретни барања до Владата, надлежните институции и до креаторите на политики во земјата. Сите наши поведени иницијативи, предлози и барања биле базирани на претходни консултации со бизнисот и со компаниите во однос на адресираните
проблеми и на идентификуваните предизвици со кои се соочувале тие во своето тековно работење и во процесот на реализирање на своите развојни цели. Врз основа на сите тие консултации, опсервации и анализи направени од
стручните служби, Комората секогаш излегувала со конструктивни иницијативи, конкретни предлози и со поткрепени барања, во насока на подобрување на
економскиот и на бизнис-амбиентот во државата.
Еден дел од тие иницијативи, предлози и барања биле целосно или делумно реализирани од Владата и од надлежните институции, што, секако, придонело за
подобрување на економските и на бизнис-состојбите во земјава. За жал, голем дел од нашите иницијативи, предлози и барања кои во изминатиот период, од различни
причини, не се реализирани од надлежните институции биле причина за побавниот развој на бизнисот и на економијата во целина. Доколку тие иницијативи беа реализирани во изминатиот период, македонската економија сигурно ќе беше поконкурентна и ќе бележеше повисоки стапки на економски раст.Согледувајќи ги сите слабости и грешки што ги направивме како држава, испуштајќи ги, на тој начин, можностите да изградиме поконкурентна и
посилна економија во услови на недостиг од јасна визија и стратегија за развој, одлучивме, како одговорна институција, да излеземе со Декларација, која беше донесена од Собранието на Стопанската комора на Северна Македонија
на 14.7.2022 година и широко прифатена од сите чинители во државата, тргнувајќи од МАНУ, најголем дел од државните и од приватните универзитети, повеќе од 350 големи, средни и мали компании, бизнис-асоцијации, невладини организации, политички партии и други чинители.
На тој начин го започнавме процесот на градење широк општествен консензус за постигнување економски договор и за креирање нов развоен модел кој ќе испорача повисоки стапки на раст во наредните 10 години.
Во рамки на книгата се дефинирани пет столбови на кои се базира новиот модел на економски раст: 1) Заокружување на темелните принципи на пазарната економија и јакнење на институционалните капацитети на државата, 2) Инвестиции во човечки капитал и иновации, 3) Градење на развиена и функционална инфраструктура, 4) Модерна индустрија и конкурентен извозен сектор, и 5) ЕУ-интеграции и регионална соработка. Сите овие поединечни столбови се детално елаборирани, при што, авторите даваат конкретни мерки и препораки за подобрување на секоја поединечна област.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Darko Lazarov |
Date Deposited: | 20 May 2024 11:00 |
Last Modified: | 31 May 2024 10:54 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/34088 |
Actions (login required)
View Item |