Дипломатија и меѓународно право

Jovanovski, Zoran (2023) Дипломатија и меѓународно право. CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски. ISBN 978-608-213-042-2 (Unpublished)

[thumbnail of Diplomatija_i_megunarodno_pravo_prof_Zoran_Jovanovski.pdf] Text
Diplomatija_i_megunarodno_pravo_prof_Zoran_Jovanovski.pdf

Download (2MB)
Official URL: https://ma.edu.mk/

Abstract

Во денешното време поради се поголемиот број на учесници во меѓународните односи (држави,меѓународни организации,невладини организациии,медиуми,транснационални компании,академски свет) фокусот кон традиционалната дипломатија се повеќе се проширува , додека монополот врз дипломатијата од страна на професионални дипломати се повеќе исчезнува.
Покрај тоа што дипломатската теорија и пракса ги користи увидите од сите политички, општествени науки и хуманистичките науки (право,економија,култура,јазик,уметност) , врз неа се уште нема ставено така наречено ‚‚патентно барање“ од ниедна од нив.Во ниту една област од од светската политика нема поголем јаз помеѓу искуството и теоријата ,отколку во дипломатската уметност во водење на државните работи , како и во меѓународното право.
Изборот на темите во оваа книга е утврдена според нивната суштинска важност за примена на дипломатијата во практиката.Целта на темите e во склоп со нивната содржина е да послужат како општи насоки и да го олеснат разбирање на суштинските принципи,структури ,како и развојот во денешната дипломатија и меѓународното право.
Дипломатите кои имаат активен статус во денешното време немаат многу време за читање на опширни академски трудови ,додека теоретичарите немаат соодветена претстава за тековната работа која дипломатите ја вршат во реално време,во реални околности и ситуации , и за нивната комплекнсост која го забрзува се повеќе своето ниво.Како непосредна последица која е забележителна е дека извонредните концепти ,кои се развиени од интелектуалните аналитичари на теоријата , а посебно оние кои се занимаваат со дипломатијата и меѓународното право кое се практикува на терен , често не успеваат да стигнат до публиката која е составена од стручњаци.
Содржината на оваа книга е насочена кон променливата улога на дипломатијата и меѓународното право поради голем број на глобализирани учесници.Според тоа , оваа книга , може да го премости јазот на академски светска политика и да стимулира поголем интерес за истражување на дипломатијата и меѓународното право.
Дипломатијата и меѓународното право треба да го користат интердисциплинарното и меѓународното истражување за да успеат да се справат со проблемите и непредвидливите задачи и мисии ,на тој начин што ќе направат крстосницата меѓу дипломатијата и меѓународното право.Влијанието на науката врз дипломатијата и меѓународното право како општествена реалност се предмет на истражување на денешницата.
Дипломатијата и меѓународното право се соочуваат со проблеми кои влијаат врз истите како што се : меѓународен тероризам,религиозни или етнички мотивирани конфликти, економски и социјални превирања,нелегална миграција, природни и еколошки несреќи, корупција и многу други проблеми.
Политичкиот систем на државата поради се поголем број на меѓународни контакти се соочува со голем број на предизвици.Државата како институција се уште може да демонстрира и активира значителни сили за единство и за решавање на проблемите во рамките на својата заедница ,но нејзината способност да искористува информации и нејзиниот монопол да донесува одлуки се повеќе опаѓа.Со променливите барања врз државата ,нејзиниот статус се поместува.За тоа да се реши државите може да станат посилни преку кооперативни партнерства со недржавни учесници, давајќи подршка на истите.
Врз основа на монополот државата да употреби сила , таа треба да се состои од одговорности како што е гаранција за општото добро, за внатрешна и надворешна јавна безбедност, за законот и редот и за слободата на нејзините граѓани.
Политиката и дипломатијата сеуште ги немаат изгубено способностите да ги моделираат одлуките кои се потребни за целата заедница , но мора да ја оправдаат својата способност и легитимност за решавање на проблеми на заедницата , преку изнаоѓање на различни начини како модерни средства и методи.Според тоа ,политиката и дипломатијата , се повеќе се движат кон еден ‚‚ систем на учење “ кој ги контролира и корегира одлуките врз основа на надлежност.
Целта на менувањето на односот помеѓу науката и општеството , вклучувајќи ја и владата , е да се изгради клима на реципрочно знаење и доверба.Еден од најважните придонеси на општествените науки во културата е тоа што тие се пример за добра обука за демократија.Науката мора да биде отворена во однос на одговорност пред општеството во кој работата на научниците доаѓа до градење на свој адекватен максимум.
Модерната влада се повеќе станува комплексна и непредвидлива , односно нејзината растечка разновидност и комплекност на учесниците и на прашањата , се поголем обем на расположиви информации ,зголемен обем на работа кој е наметнат врз дипломатите ,поради тоа имаат тенденција да го ограничат времето и ресурсите кои се на располагање за политичка анализа и формулација.
Поранешните и сегашните дипломати кои престојуваат во земјата за која се акредитирани , може да го обезбедат импулсот за трансфер и размена на знаењата преку активности на ширење на информации , квалификувајќи студенти за поширока меѓународна кариера.
Оваа книга се надевам ќе ги поттикне летните школи за дипломатски студии , во соработка со министерството за надворешни работи ,да покануваат академици и професионални дипломати кои ќе им предаваат дипломатија и меѓународно право на студентите како меѓународната практика и да ги подготват истите во иднина да се справат и соочат со глобалните предизвици.
Книгата го објаснува значењето на меѓународното право кое поради рангот и бројот на учесниците во меѓународните односи посегнуваат по истото.Суштина на меѓународните односи се заснова на меѓународното право.Недржавен актер како потенцијално учество во формирањето на меѓународните норми постои потреба за едно интердисциплиирано испитување на релациските,дискурзивните и конститутивните функции за формирање на норми во меѓународното право.
Недржавните актери ги усвојуваат необврзувачките нормативни инструменти за ефикасни , делотворни и флексибилни одговори кон општите проблеми, со тоа што ќе се приклучуваат , учествуваат и да бидат цели на регулативи кои лесно се менуваат , и кои брзо се усвојуваат.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Military Academy
Depositing User: Zoran Jovanovski
Date Deposited: 03 Jun 2024 08:25
Last Modified: 03 Jun 2024 08:25
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/34082

Actions (login required)

View Item View Item