Теоретски аспекти на туристичката промоција

Jakovlev, Zlatko (2024) Теоретски аспекти на туристичката промоција. International Journal of Knowledge Management. pp. 33-38. ISSN 2545-4439

[thumbnail of ТЕОРЕТСКИ АСПЕКТИ НА ТУРИСТИЧКАТА ПРОМОЦИЈА.pdf] Text
ТЕОРЕТСКИ АСПЕКТИ НА ТУРИСТИЧКАТА ПРОМОЦИЈА.pdf

Download (198kB)

Abstract

: Туристичката промоција е еден од најзаначајните сегменти на маркетинг миксот во туризмот. Самиот термин промоција доаѓа од латинското говорно подрачје и значи движење напред, унапредува, унапредување на продажбата, комуницирање со пазарот и слично. Станува збор за комплексен поим и не може да се опфати со една организациона единица. Со оглед на широката опфатеност и хетерогеност на промотивните активности, не можат да се опфатат во еден сектор. Широка е лепезата на промотивни активности што спаѓаат во должност на сите членови на колективот. Дури и некој промотивни активности што се дефинирани во рамките на одредена организациона единица (на пр. односите со јавноста, публицитетот и др.), не смеат да се третираат како исклучителна должност само на таа единица. Гостите, личностите од јавноста, публицитетот, граѓанството и тн., не доаѓа во контакт само со носителите на конкретните задолженија од областа на промоцијата. Контактирања се можни со сите членови на колективот во и вон областа на работењето. Промоцијата како комуникативен поим на унапредување на деловноста, е толку широка, што скоро во секоја прилика да се применува некоја или некои промотивни активности од широката лепеза на динамичниот комуникативен сплет. Секој поединец во колективот треба препушти на стихијност. Организацијата на работењето се состои во „правилна и смислена поделба на ова да го има предвид и во секоја прилика да придонесува за добриот глас и просперитет на својата организација, а со тоа и на пошироката заедница. Сепак, организацијата и техниката на работење не смее да се трудот на одредени органи, организациони единици и работни места, во одредување на обемот на нивната работа и меѓусебни односи; во осигурување на поврзаност, складност и контрола на работата на сите органи, организациони единици и работни места“. Ова важи и за промоцијата. Сите промотивни облици, кај кои тоа е можно, треба да се дефинираат, организационо да се постават и да се утврди одредена техника на работењето.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Social Sciences > Other social sciences
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Zlatko Jakovlev
Date Deposited: 04 Sep 2024 08:17
Last Modified: 04 Sep 2024 08:17
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/34081

Actions (login required)

View Item View Item