Менаџмент на мени

Metodijeski, Dejan (2024) Менаџмент на мени. ISBN 978-608-277-043-7.

[thumbnail of Menadzment na meni UCEBNIK.pdf] Text
Menadzment na meni UCEBNIK.pdf

Download (2MB)

Abstract

Овој учебник има за цел да понуди сублимирање на литературата и концептите поврзани со менаџментот на мени и запознавање на студентите со можноста тие концепти на најуспешен начин да се применат во областа на туризмот и угостителството во земјава. Во разработката на материјалот, користена е соодветна литература од познати автори и институции од областа на туризмот и угостителството. Материјалот е структуиран и поделен на осум поглавја.
Во првото поглавје е опфатен материјалот кој се однесува на дефинирање на угостителството, историскиот развој на угостителството, како и појавата на менијата. Во второто поглавје се објаснети и дефинирани менијата и опфатени се различните видови на менија. Во третото поглавје се разгледува целокупниот процес на планирање на мени, тенденциите во ресторанската индустрија, оперативното планирање на мени, стручната литература поврзана со развојот на менијата, факторите кои влијаат на планирањето на мени, механизмите на делување на менито и значењето на рецептите за неговото планирање.
Четвртото поглавје е посветено на презентацијата и дизајнот на менито, оформување и печатење на менито, истражувањата за потребите на менито, мени инженеринг, подредувањето на артиклите во менито, формирањето на цените на менито и услужниот персонал и менито. Петтото поглавје го содржи материјалот поврзан со основните елементи и карактеристики на менаџментот, етиката и лидерството во ресторанското работење и управување со отпад од храна. Во шестото поглавје е опфатен материјалот кој се однесува на рангирањето со Мишелин ѕвезди во ресторанското работење. Обработени се теми поврзани со постанок и дефинирање на туристичките водичи, позначајни туристички водичи во светот, историски развој на водичот Мишелин, анонимност на инспекторите од водичот Мишелин, географска распространетост на рестораните со Мишелин ѕвезда и преглед на менијата на ресторани со Мишелин ѕвезда.
Седмото поглавје ја обработува материјата поврзана со дефинирање на концептот на попреченост и пристапен туризам, меѓународни практики поврзани со пристапен туризам и менија за лица со попреченост. Во осмото поглавје се прави осврт на кафе култура и кафе туризам, основни аспекти на кафето, понуда на кафе и креирање на мени за кафетерии.
Учебников е наменет за потребите на студентите на Факултетот за туризам и бизнис логистика за подготвување на испитот по предметот Менаџмент на мени. Содржината на учебникот ја опфаќа потребната материја за предавањата по предметот Менаџмент на мени, според Наставната програма на насоките: Хотелско ресторански менаџмент (7 семестар, 8 кредити, 3+2+2 фонд на часови) и Туризам и угостителство (7 семестар, 4 кредити, 2+2+1 фонд на часови). Материјалот можат да го користат сите студенти на останатите факултети каде што се изучува предметот Менаџмент на мени, но и останатите стручни кадри кои ја проучуваат оваа проблематика. Материјалот е изготвен со цел да се унапреди наставата по предметот Менаџмент на мени и да се подобри квалитетот на знаењето на студентите.
Искажувам благодарност и до сите колеги и соработници кои дадоа придонес во обезбедувањето на материјалите кои беа неопходни за комплетирање на содржината на овој труд. Упатувам благодарност и до рецензентите вон. проф. д-р Оливер Филипоски и вон. проф. д-р Владимир Китанов за корисните сугестии при креирање на материјалот за учебникот. Имајќи предвид дека е ова прво издание, ненамерно, можеби, се пропуштени некои карактеристики на менаџментот на мени. Мислењата и забелешките можат да се упатуваат по електронски пат. За сите забелешки, авторот ќе Ви биде благодарен и ќе ги земе предвид при создавањето на следното, дополнето издание на овој материјал.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Dejan Metodijeski
Date Deposited: 17 May 2024 13:36
Last Modified: 17 May 2024 13:36
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/34055

Actions (login required)

View Item View Item