Брзи имунохемиски тестови за токсиколошки скрининг

Ristova, Elisaveta and Gjorgieva Ackova, Darinka (2024) Брзи имунохемиски тестови за токсиколошки скрининг. Фармацевтски информатор, 63. pp. 30-35. ISSN 1409-8784

[thumbnail of Farmacevstki-informator_Broj_63_april_2024_web-objaven.pdf] Text
Farmacevstki-informator_Broj_63_april_2024_web-objaven.pdf

Download (17MB)

Abstract

Токсиколошкиот скрининг се однесува на различни тестови кои го одредуваат видот и приближната концентрација на легални и/или нелегални супстанции преку нивно определување во крвта, урината или друга телесна течност или ткиво. Токсиколошкиот скрининг најчесто се користи за детекција на наркотици, лекови, токсини или злоупотреба на алкохол, а е инициран секогаш кога пациентите покажуваат симптоми на интоксикација или предозирање при случаи на ненамерни (случајни), самоубиствени, злосторнички труења или пак при изложеност во работната или животната средина. Понекогаш клиничките симптоми и земената анамнеза се доволен доказ за поставување на дијагноза и започнување на третман на пациентот, но сепак и во ваквите случаи мора да се направи токсиколошки скрининг за точно да се утврди присуството или отсуството на одредени токсични супстанции. Изборот на аналитичкиот метод пред сé зависи од видот на примерокот, располагањето со инструменти и апаратура во лабораторијата. Голем дел од аналитичките методи бараат познавање на фармаколошките и фармакокинетичките својства на токсичните агенси кои треба да се испитуваат.Најчесто користените прелиминарни тестови за анализа на непознати супстанци се базираат на имунохемиски и тенкослојно хроматографски методи.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Darinka Gorgieva Ackova
Date Deposited: 17 May 2024 11:23
Last Modified: 17 May 2024 11:23
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/34035

Actions (login required)

View Item View Item