Коронарна артериска болест во итна медицинска помош-иницијална дијагноза и третман

Aleksov, Nikola and Kamceva, Gordana (2024) Коронарна артериска болест во итна медицинска помош-иницијална дијагноза и третман. Knowledge – International Journal, 62 (4). ISSN 2545-4439

[thumbnail of CORONARY+ARTERY+DISEASE+IN+EMERGENCY+MEDICAL+CARE-INITIAL+DIAGNOSIS+AND+TREATMENT.pdf] Text
CORONARY+ARTERY+DISEASE+IN+EMERGENCY+MEDICAL+CARE-INITIAL+DIAGNOSIS+AND+TREATMENT.pdf

Download (956kB)

Abstract

Акутниот коронарен синдром е состојба на миокардна исхемија, која вклучува акутен инфаркт на миокардот со и без елевација на СТ сегментот и нестабилна ангина пекторис, која настанува како резултат на оклузија/стеноза на коронарната артерија. Раното препознавање на акутниот коронарен синтром е од особено значение бидејќи навременoто дијагностицирање има најголемо влијание на стапката на преживување. Акутниот коронарен синдром вклучува широк спектар на симптоми, од кои најчеста е болката во градите.
Болката во градите типична за AКС е ненадејна, долготрајна болка која зрачи до вратот, вилицата или левата рака. Ризик фактори кои доведуваат до појава на КАБ се поделени во модифицирачки (покачен крвен притисок, пушење цигари, дислипидемија, дијабетес мелитус, намалена физичка активност, психоемоционален стрес и др.) и немодифицирачки ризик фактори (возраст, пол, фамилијарна предиспозиција). Ризик факторите го оштетуваат ендотелот на крвните садови и делуваат уште од најрана возраст..Современиот третман на коронарната артериска болест има за цел на ги намали симптомите и да ја подобри прогнозата на болеста. Тоа се постигнува преку контрола на факторите на ризик, вклучувајќи и однесување и стилот на живот како и примена на соодветни лекови и интервенции. Промената на стилот на живот и контрола на факторите на ризик се многу важни мерки во певенција и лекување на Коронарна артериска болест Сцевите биомаркери заедно со клиничката проценка и 12 канално ЕКГ се надополнуваат во поставувањето на дијагноза, ризик стратификација и третман на пациентите со сомнеж за КАБ. Исхемичната срцева болест е водечка причина за смрт во светот, вклучително и во Македонија. Според податоците на Светската здравствена организација, секоја година во светот од кардиоваскуларни болести околу 18 милиони луѓе умираат, а се очекува оваа бројка да се зголеми на дури 23 милиони. Итната медицинска помош е составен дел од грижата за овие пациенти. Правилната тријажа е првиот предуслов за непречено функционирање на службата за итни случаи. Целта на овој труд е да се опише пристапот на тимот на Итната медицинска помош кај пациентот со коронарна артериска болест и начинот на третман на местото на настанот и транспорт до болница.Во трудот се прикажани податоци поврзани со пациенти кои побарале итна медицинска помош со работна дијагноза на коронарна артериска болест од евиденцијата на Итна медицинска помош ЈЗУ Пробиштип, во период од 2020 до 2022година. Податоците се табеларно и графички прикажани.Брзиот начин на живот, неправилната исхрана, урбанизацијата и индустријализацијата, социоекономските услови на живот доведуваат до најголеми промени во начинот на живеење којшто придонесува за негативен одраз на здравјето на луѓето. Раното препознавање на коронарната артериска болест уште при првиот контакт на пациентот со здравствениот работник од итната медицинска помош е од суштинско значење за навреме дијагностицирање и понатамошен тек на ваквите пациенти.
Клучни зборови: акутен коронарен синдром, електрокардиограм, итна медицинска помош

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Gordana Kamceva
Date Deposited: 03 Apr 2024 07:13
Last Modified: 03 Apr 2024 07:13
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33962

Actions (login required)

View Item View Item