Инциденца на коронарна артериска болест за 2023 година во ЈЗУ “Клиника за кардиологија” – Скопје: важност на сестринска нега на пациенти во болнички услови

Hasik, Amra and Kamceva, Gordana (2024) Инциденца на коронарна артериска болест за 2023 година во ЈЗУ “Клиника за кардиологија” – Скопје: важност на сестринска нега на пациенти во болнички услови. Knowledge – International Journal, 62 (4). ISSN 2545-4439

[thumbnail of INCIDENCE+OF+CORONARY+ARTERY+DISEASE+FOR+THE+YEAR+2023+IN+PHI+CLINIC+OF+CARDIOLOGY+–+SKOPJE+IMPORTANCE+OF+NURSING+CARE+OF+PATIENTS+IN+HOSPITAL.pdf] Text
INCIDENCE+OF+CORONARY+ARTERY+DISEASE+FOR+THE+YEAR+2023+IN+PHI+CLINIC+OF+CARDIOLOGY+–+SKOPJE+IMPORTANCE+OF+NURSING+CARE+OF+PATIENTS+IN+HOSPITAL.pdf

Download (1MB)

Abstract

Кардиоваскуларните болести на срцето претставуваат голема, хетерогена група на заболувања и акутниот коронарен синдром е на прво место како причини за зголемениот морталитет во Република Северна Македонија па затоа претставуваат голем здравствен, социјален и економски проблем. Многу студии укажуваат на тоа дека со менување на начинот на живеење и модифицирање на кардиоваскуларните ризик фактори во многу развиени земји успешно е намален морбидитетот и морталитетот од кардиоваскуларните болести за 40%.
Цел: Основна цел на трудот да се прикаже инциденцата на коронарна артериска болест со посебен акцент на акутниот миокарден инфаркт со СТ сегмент елевација (СТЕМИ) кај пациенти хоспитализирани во ЈЗУ “Универзитетска Клиника за кардиологија” во Скопје за 2023 година.
Материјали и методи: Податоците за пациентите се превземени од ЈЗУ “Универзитетска Клиника за
Скопје, ретроградно за 2023година. Пациентите се поделени според пол, начин на лекување (перкутана коронарна интервенција или хируршка реваскуларизација на миокардот бајпас), кој крвен сад е стентиран, можни комликации, морталитет пред и после изведена перкутана коронарна интервенција.
Резултати: На “Универзитетска Клиника за Скопје, во 2023 година, со дијагноза СТЕМИ биле хоспитализирани вкупно 742 пациенти. 485 биле мажи, а 257 биле жени. Од вкупниот број на пациенти, 576 пациенти биле третирани со перкутана коронарна интервенција, а 41 пациенти завршиле со хируршка реваскуларизација на миокардот. Од вкупниот број на хоспитализирани пациенти на клиника пред или после интервенцијата, починале 71 пациенти. Кај 106 пациенти е направена коронарографија, но не биле стентирани. Најчесто стентирана артерија била десната коронарна артерија (RCA).
Заклучок: Најголем дел од пациентите се лекувани со перкутани коронарни интервенции со стентирање на кулприт лезијата, а помал дел поради повеќесадовна болест биле упатени за хируршка реваскуларизација на миокардот. Кај 72% од населението, десната коронарна артерија е доминантна артерија која го снабдува срцето со крв и нашите резултати покажаа дека и најчеста стентирана артерија е заправо RCA.
Клучни зборови: акутен миокарден инфаркт со СТ-сегмент елевација, перкутана коронарна интервенција, хируршка реваскуларизација на миокардот, десна коронарна артерија (RCA), морталитет.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Gordana Kamceva
Date Deposited: 03 Apr 2024 07:12
Last Modified: 03 Apr 2024 07:12
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33961

Actions (login required)

View Item View Item