Раѓање, нега и примарна реанимација на новородено

Canevska Trajkovska, Sandra and Kamceva, Gordana (2024) Раѓање, нега и примарна реанимација на новородено. Knowledge – International Journal, 62 (4). ISSN 2545-4439

[thumbnail of BIRTH,+CARE+AND+PRIMARY+RESUSCITATION+OF+A+NEWBORN.pdf] Text
BIRTH,+CARE+AND+PRIMARY+RESUSCITATION+OF+A+NEWBORN.pdf

Download (916kB)

Abstract

Раѓањето и првите моменти на новороденото претставува едно од најзначајните моменти во животот. Тоа е природен процес кој претставува низа на механични и физиолошки збиднувања, односно излегување на плодот, постелката и плодовите обвивки од гениталните органи на жената. Може да биде поделено на предтерминско (кое се случува помеѓу 20-та и 37-ма гестациска недела), терминско (40-та гестациска недела) и продолжена бременост (graviditas prolongata, 42-ра гестациска недела). Раѓањето може да заврши спонтано или царски, зависно од состојбата на мајката и плодот. Негата на новороденото следува веднаш по раѓањето која вклучува грижа за виталните функции, следење на телесната температура и обезбедување на оптимални услови за здрав развој, при што здравствените работници играат клучна улога. Во првата и петтата минута по раѓањето се врши проценка на новородено (apgas score), а во случај кога резултатите на апгар тест се ниски се спроведува и во десеттата минута. Апгар тест не е дијагностички тест туку служи за брза оценка за оштото здравје на новороденото. Само кај некои одредени раѓања може предвреме да се предвиди потребата за примарна реанимација и тоа: а) според податоци за историја на бременоста, б) fetal distress, в) abruptio placentae, г) placenta previa, д) густ меконум во околуплодова вода, ѓ) застој во интраутерин раст, е) предвремено породување и многу други причини. Примарна реанимација се спроведува по строго определен редослед со обучен медицински персонал за реанимација. Целта на овој труд е да се прикаже пристапот на тимот на медицински работници, вклучени во процесот на раѓање за правилна проценка на здравствената состојба на родилката и новороденото, и начинот на третман во првите минути од раѓањето. Медицинскиот напредок и здравствените технологии имаа големо влијание во решавање на настанатите здравствени компликации во процесот на раѓање што резултира со зголемен број на раѓања со царски рез за сметка на спонтани раѓања. Во овој труд се прикажани податоци за бројот на извршени раѓања од извешајот на ЈЗУ Општа Болница Куманово за период од 2016 до 2022 година искажани табеларно од кои се гледа дека процентот на деца родени со царски рез во 2016 година изнесува 22 % од вкупниот број на извршени раѓања, додека во 2022 година истиот изнесува 28 %. Современиот начин на живот, образованието, возраста и зголемените можности за едукација на популацијата се битен фактор за редовно медицинско следење на бременоста, за рана дијагностика и успешни исходи за мајката и новороденото.
Клучни зборови: раѓање, новородено, апгар тест, реанимација.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Gordana Kamceva
Date Deposited: 03 Apr 2024 07:10
Last Modified: 03 Apr 2024 07:11
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33960

Actions (login required)

View Item View Item