Aksentieva, Аna and Milanovic, Natasa and Milosevic-Krstevska, Sanja and Savreska-Dujovska, Hristina and Makraduli, Liljana (2023) Управување со ризик во однос на квалитетот. In: Прв симпозиум со меѓународно учество од областа на фармацијата „Фармацевтска грижа: актуелности, можности, предизвици“, 23 Sept 2023, Stip, Republic of North Macedonia.
Text
Управување со ризик во однос на квалитетот.pdf Download (460kB) |
Abstract
Управувањето со ризик во однос на квалитетот во фармацевтската индустрија, преку проактивна проценка и контрола на истиот, овозможува производство на квалитетни, безбедни и ефикасни лекови. Упатството за управување со ризик во однос на квалитет (International Conference on Harmonization (ICH) guideline Q9 (R1) on quality risk management) преку примери ги објаснува принципите на систематскиот пристап кон управувањето со ризик кои можат да се применат на различни аспекти во фармацевтската индустрија. Управувањето со ризик започнува со: дефинирање на проблемот и проценка на потенцијалниот ризик од проблемот, обезбедување на податоци за потенцијална опасност, обезбедување на потребни ресурси и именување на одговорно лице, одредување на рок за донесување финални одлуки за управување со ризикот. Проценката на ризик се состои од: идентификација, анализа и евалуација на ризикот. Контролата на ризик опфаќа донесување на заклучоци за редуцирање или прифаќање на ризикот. Постапката се документира во Извештај за проценка на ризик кој содржи и финален заклучок. Целта на трудот е анализа на ризик со примена на FMEA методот (Failure Mode Effects Analysis) во индустриско производство на лекови. Финалниот заклучок го
прикажува начинот на кој успешно е реализирана проценката и контролата на ризик, при што главен приоритет е производството на квалитетен лек и добросостојбата на пациентите.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Poster) |
---|---|
Subjects: | Engineering and Technology > Other engineering and technologies Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Liljana Makraduli |
Date Deposited: | 29 Mar 2024 12:18 |
Last Modified: | 29 Mar 2024 12:18 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33945 |
Actions (login required)
View Item |