Спектрофотометриска применливост на нефармакопејски хроматографски метод за определување на содржина на мелоксикам во инјекции

Gjeorgiev, Blagoj and Karpicarov, Dino and Apostolova, Paulina and Gjorgjeska, Biljana (2023) Спектрофотометриска применливост на нефармакопејски хроматографски метод за определување на содржина на мелоксикам во инјекции. In: Прв симпозиум со меѓународно учество од областа на фармацијата „Фармацевтска грижа: актуелности, можности и предизвици“, 23 Sept 2023, Мултимедијален центар на Универзитет „Гоце Делчев“, Штип, Северна Македонија.

This is the latest version of this item.

[thumbnail of Gjeorgiev et al. (2023) Spektrofotometriska primenlivost na nefarmakopejski metod za opredeluvanje na sodrzhina na meloksikam vo injekcii.pdf] Text
Gjeorgiev et al. (2023) Spektrofotometriska primenlivost na nefarmakopejski metod za opredeluvanje na sodrzhina na meloksikam vo injekcii.pdf

Download (555kB)
[thumbnail of Programa.pdf] Text
Programa.pdf

Download (1MB)
[thumbnail of Kniga na apstrakti, final, 2023.pdf] Text
Kniga na apstrakti, final, 2023.pdf

Download (1MB)

Abstract

Во нашата држава, контролата на квалитет на лековите е регулирана според Законот за лекови и медицински средства и Правилникот за начинот на контрола на квалитет на лековите и начинот на признавање на анализите на сериите на лековите. Истата се врши според начелата на Добрата контролна лабораториска практика, аналитичките методи содржани во документацијата на производителот или пак други валидирани аналитички методи кои се во согласност со барањата на Европската фармакопеја, Националниот додаток и другите признаени фармакопеи. Валидирани аналитички методи за определување на содржина на активни супстанции во готови лекови веќе се достапни во меѓународно признаените фармакопеи. На пример, хроматографски метод, базиран на реверзно-фазна хроматографија, опишан во тековното издание на Британската фармакопеја, се користи за определување на содржина на мелоксикам во инјекции. Градиентното елуирање го прави овој метод подолготраен и покомплициран за изведба, главно поради поголемата потрошувачка на мобилна фаза, методот не е економски исплатлив. Заради надминување на овие недостатоци, развиени и соодветно валидирани се и други, поедноставни методи за истата цел. Имено, развиен и валидиран е хроматографски метод, базиран на реверзно-фазна хроматографија, кој наместо градиентна, користи изократска елуција, како резултат на што, истиот е побрз, поедноставен за изведба и економски поисплатлив, споредено со фармакопејскиот метод. Сепак, и двeте методи претставуваат солидна основа за развивање на уште еден поедноставен спектрофотометриски метод за определување на содржина на мелоксикам во инјекции. Всушност, овој метод е развиен преку процена на спектрофотометриската применливост на нефармакопејскиот хроматографски метод.

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Dino Karpicarov
Date Deposited: 15 Mar 2024 11:18
Last Modified: 15 Mar 2024 11:18
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33865

Available Versions of this Item

Actions (login required)

View Item View Item