Veljanovski, Darko (2020) Употребата на коскен материјал кај имедијантно поставени импланти во пределот на мандибуларните молари. JAADE, 1 (1). pp. 21-24.
Text
JAADE 1.pdf Download (969kB) |
|
Text
jaade2.pdf Download (851kB) |
Abstract
ВОВЕД
Имедијантното постектракционо им- плантирање е клинички докажан терапис- ки модалитет за надоместување на изгу- бените заби. Но, истовремено, тоа е еден чувствителен метод на имплантирање за чија успешност треба да бидат почитувани строги селекциони критериуми.
ЦЕЛ
Цел на студијата е да се направи радиографска анализа на промените на нивото на коскен гребен во вертикален правец кај имедијантно поставени дентални импланти во моларната регија од мандибулата. Kај пациенти со и без употреба на деминерализиран говедски коскен материјал
MАТЕРИЈАЛ И МЕТОДИ
Дизајн на студијата
Студијата беше дизајнирана како проспективна компаративна студија во која пациентите беа поделени на две статистички значајни групи: пациенти кај кои при имедијантното имплантирање е поставен коскен материјал (група А) и пациенти кај кои не е употребен коскен материјал (група Б)
РЕЗУЛТАТИ
По изминување на шест месеци од имплантирањето, имплантите во обете групи беа успешно остеоинтегрирани, без загуба на ниеден имплант.
ЗАКЛУЧОК И КЛИНИЧКИ ИМПЛИКАЦИИ
Имедијантното имплантирање е сигурна и предвидлива алтернатива на ра- ното и одложено имплантирање, ако се задоволени одредени селекциони кри- териуми. Употребата на депротеинизиран говедски коскен материјал во голема мера ги компензира вертикалните промени на нивото на коскен гребен. Но, потребни се понатамошни студии за да се извлечат посигурни заклучоци.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Darko Veljanovski |
Date Deposited: | 06 Mar 2024 12:10 |
Last Modified: | 06 Mar 2024 12:10 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33831 |
Actions (login required)
View Item |