Velickova, Nevenka (2010) Нови методологии во образованието, доближување на теоријата и праксата. In: III Национален конгрес на Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки на Р. Македонија, 30.09-03.10. 2010, Струга, Р.Македонија.
Preview |
Slideshow (plenarno predavanje)
Plenarno Predavanje_3_Nacionalen kongres.JPG - Presentation Download (743kB) | Preview |
Slideshow
Novi metodologii vo obrazovanieto.ppsx - Presentation Download (133kB) |
Abstract
Вовед: Информациско-комуникациската технологија и примената на електронското учење (е-учење) се врвни и современи образовни алатки кои оставаат печат на наставниот процес во последно време. Имајќи го во предвид современото живеење, потребата од постојана и доживотна едукација од една страна, и финансискиот и економски расчекор од друга страна, Факултетот за медицински науки при Универзитетот “ Гоце Делчев “ успеа сето тоа да го сублимира и канализира, преку примената на е-учење и постојаната електронска комуникација помеѓу студентите и целокупниот наставен и соработнички кадар.
Цели на трудот: Да се евалуираат ефектите од примената на ИКТ и ЕКТС кај вонредните студенти во прва година во генерацијата 2010/2011г.
Методи: Врз база на годишниот извештај за работа како и самоевалуацијата која континуирано се води на Факултетот за медицнски науки, сумирани се резултатите од положеност за сите испити на сите вонредни студенти (мед.сестри/техничари, лаборанти, физиотерапевти, оптометристи или протетичари) по одделни сесиии. Врз база на анонимни анкети и интервјуа, дојдовме до следната констатација.
Резултати: Иако се работи за студенти кои се во постојан работен однос и најголем дел од нив со постојано место на живеење надвор од Штип, резултатите покажуваат дека над 80% од вонредните студенти успеваат да ги положат испитите од прв пат, токму благодарение на постојаниот контакт со наставниот кадар и ИКТ. Анкетните листови и многубројните контакти укажуваат на тоа дека ваквите резултати се производ на тоа што наставните материјали ги добиваат навремено и во електронска форма, и студентите се во постојан континуитет со наставниот процес подеднакво како и редовните студенти. На овој начин истите заштедуваат време и ги намалуваат своите финански трошоци (печатење на скрипти, наставни материјали, патни трошоци и др).ЕКТС нуди можност секоја нивна активност (консултации, семинарски работи итн) да биде вреднувана со одреден број на поени врз база на кои ќе се формулира крајната оценка. Интересен е податокот што над 50% од вонредните студенти се одлучуваат на полагање на испитите преку колоквиуми (два) и на тој начин полесно ја совладуваат наставната содржина, што е во контекст на ЕКТС.
Заклучок: Генерална констатација е дека вонредните студенти успешно и континуирано на прифаќаат ИКТ и благодарение на нејзе одлично ја совладуваат наставната содржина, независно дали се работи за фундаментални или клинички предмети.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Lecture) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Nevenka Velickova |
Date Deposited: | 01 Mar 2013 09:03 |
Last Modified: | 24 Feb 2014 09:09 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/3383 |
Actions (login required)
View Item |