Микроекономија за бизнис

Lazarov, Darko (2024) Микроекономија за бизнис. Универзитет „Гоце Делчев" - Штип. ISBN 978-608-277-035-2

Full text not available from this repository.

Abstract

Економистите и луѓето во реалниот бизнис секојдневно се соочуваат со голем број на предизвици за донесување на различни одлуки во работењето како менаџери
или сопственици на своите фирми, одлуки кои се однесуваат на оптимизација на производството, минимизација на трошоците, ефикасно управување со финансиите, ефикасно менаџирање со обратните средства, лансирање и комерцијализација на
нови производи на пазарот, реализирање на нови инвестициски проекти, градење на стратегија за настап на странски пазари и слично.
Процесот на донесување на сите тие одлуки станува се потежок и помалку предвидлив како што деловното бизнис опкружување станува се покомплексно.
Оттука, познавањето на специфичностите на бизнис економијата како микроекономска дисциплина претставува корисна основа во донесување на ефикасни бизнис одлуки.
Имено, техниките и алатките кои се користат во бизнис економијата овозможуваат подобро разбирање на пазарот и можност за прецизно предвидување на идните
бизнис услови на пазарот потребни за прилагодување на бизнис стратегиите.
Дополнително, микроекономските модели кои се развиени во рамките на теоријата на фирми овозможуваат оптимизација на производството и минимизирање на трошоците
како базична основа за остварување на поголем профит што претставува главна цел
на секоја фирма.
Оваа книга претставува една корисна основа за студентите на Економски факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип кои ги слушаат предметите Основи
на економија и Микроекономија на редовни студии на прв циклус да се стекнат со адекватни знаења кои ќе им користат да ги разберат основните принципи на бизнис
економијата; специфичностите на пазарот во насока на ефикасно носење на бизнис одлуки и корпоративни стратегии со цел најдобро пазарно позиционирање; основните
концепти на теоријата на фирми, и начините на водење бизнис во различни пазарни услови и проблемите со кои се соочуваат менаџерите во водењето на бизнисот;
специфичностите на производството и производните процеси од една страна, и трошоците кои произлегуваат од тие процеси со цел оптимизација на производството и минимизирање на трошоците во насока на максимизирање на профитот како базична цел на секоја компанија, како и односите помеѓу државата и бизнисот во делот на бизниз регулација и надминување на пазарните неуспеси преку различни
механизми и инструменти на државата и државните институции. Тука пред се третирани прашањата на екстерналиите (позитивни и негативни), како и начинот на стимулирање на позитивните екстерналии и намалување на негативното влијание на
негативните екстерналии, јавните добра и специфичните појави поврзани со јавните добра, асиметричните информации и јавните политики за намалување на асиметричните информации, како и монополите и јавните политики за елиминирање
на евентуално негативното влијание на монополите на пазарот.
За таа цел, во рамките на книгата се користени математички техники (формули и равенки), графички презентации и табеларни прикази кои се основа за разбирање на
презентираните теории и модели во еден формат кој има апликативна и практична димензија за самите студенти. Дел од визуелните презентации во форма на слики се
преземени од интернет, при што, истите не се предмет на авторски права. Истите се користат во учебникот со цел илустрирање, визуелизирање и објаснување на
соодветните делови и теми за наставни цели.
Дополнително, користени се многу студии на случај и практични примери од реалниот бизнис со цел да им се доловат на студентите базичните микроекономски
концепти преку една практична рамка.
Имено, главната идеја на учебникот е да им понуди знаење на студентите кое ќе биде корисно и практично применливо во реални економски и бизнис ситуации.
Еден дел од студиите на случај, примери и практичните проблеми се преземени од веќе постоечки меѓународни учебници, книги и прирачници, при што, дел од нив сеприлагодени за потребите на овој учебник со цел да бидат компактибилни со нашата средина и околности.
Другиот дел од практичните примери кои се користат во учебникот се креирани од авторот врз база на оригинални или креирани податоци од бизнис секторот кои не
секогаш соодветствуваат со реалните податоци. Сепак, истите служат како корисна илустрација на реалноста и рамка за стекнување на практично знаење.
Не помалку важно, овој учебник ќе им овозможи на студентите полесно да ги совладаат тематските единици поврзани со предметот Микроекономија и да стекнат
основа која ќе им помогне во совладување на останатите економски дисциплини во текот на своето студирање. Многу повеќе, оваа книгата ќе им даде основа за
практично размислување и користење на теоретски концепти и модели во решавање на практични проблеми и носење на реални бизнис одлучи во приватниот сектор во
различни околности.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Darko Lazarov
Date Deposited: 04 Mar 2024 13:17
Last Modified: 04 Mar 2024 13:17
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33798

Actions (login required)

View Item View Item