Прифаќање и користење на концептот на бизнис интелигенција во деловното работење

Stefanova, Tanja (2024) Прифаќање и користење на концептот на бизнис интелигенција во деловното работење. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of Магистерска работа - лекторирана.pdf] Text
Магистерска работа - лекторирана.pdf

Download (2MB)

Abstract

Во вакво турбулентно време, предизвикано главно од пандемијата со
коронавирусот и геополитичките превирања, брзината на донесување одлуки е
клучна за успехот на бизнисот. Таа се рефлектира на целиот бизнис, најмногу
на обемот на продажба и положбата на пазарот. Успехот на една компанија лежи
во донесувањето правилни и брзи одлуки. Потрошувачите, силната
конкуренција, економската криза и брзите промени на пазарот, бараат
донесување одлуки кои се прилагодуваат на моменталната состојба на пазарот.
За одлуките да бидат правилни и стратегиски, мораат да бидат донесени врз
основа на квалитетни и точни информации. Добивањето точни и квалитетни
информации, најчесто е задача на информатичката технологија и секторот за
информатика во компаниите.
Недоволното искористување на достапните податоци, тешкото
трансформирање во корисни информации преку функционалните системи,
секојдневните проблеми во деловното работење со операции и трансакции во
различни системи, како и донесувањето лоши одлуки врз основа на минимални,
небалансирани и ненавремени информации се издвојуваат како главни
проблеми во бизнисот.
Целта на овој труд е да се покаже како бизнис интелигенцијата (БИ)
помага при решавање и минимизирање на овие проблеми и предизвици кои се
појавуваат во компаниите, и нејзиниот придонес при правилно и навремено
донесување на деловни одлуки на сите нивоа во компанијата. Поинаку кажано –
унапредување на деловното работење преку јасно разграничување на
предностите и недостатоците на моделот на БИ наспроти користените
функционални системи.
За таа цел, во овој труд детално ќе се прикаже моделот на БИ со
складишта на податоци кои заедно наоѓаат примена при работата на
компаниите, истакнувајќи како моделот генерира знаење и информации за
потребите на компаниите врз основа на огромен број достапни податоци. Исто
така, ќе се споредат придобивките од квалитетот и квантитетот на
информациите кои произлегуваат од моделот на БИ, во однос на податоците
5
добиени директно од функционалниот систем на трансакции односно
користените функционални системи.
Од спроведената анализа е утврдено дека опишаниот модел, и покрај
некои недостатоци, значително придонесува за унапредување на деловното
работење на секој сектор во компаниите. Од спроведената анкета е утврдено
дека корисниците го преферираат и препорачуваат анализираниот модел.
Со цел да се обезбеди практична илустрација за тоа како примената на
бизнис интелигенцијата и складирањето податоци се манифестира во сценарија
од реалниот свет, користејќи податоци од реалниот живот, направено е и
истражување (анализа) на база на податоци од компанија која продава
производи и услуги за печатење, користејќи го концептот на БИ, односно моќната
комбинација на DWH, ETL процесот и PowerBI. Целта е да се премости јазот
помеѓу теоријата и практиката со прикажување на ефективната употреба на БИ
и DWH во специфичен деловен контекст. Во анализата се идентификуваат
најпродаваните производи во текот на три значајни периоди. Истражувањето
обезбедува увид во променливата динамика на пазарот од призмата на една
компанија, покажува како се променило однесувањето на потрошувачите и како
најпродаваните производи еволуираат со промените во побарувачката.
Дополнително, ова истражување навлегува и во еден од најважните делови на
една компанија – добивката и како таа се менува во текот на периодите, како и
идентификација на највлијателните човечки фактори за успехот на бизнисот.
Алатките користени во ова истражување се покажаа како ефикасни во
трансформирањето на податоците и анализата на однесувањето на клиентите.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Natural sciences > Computer and information sciences
Divisions: Faculty of Computer Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 23 Feb 2024 11:58
Last Modified: 23 Feb 2024 11:58
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33755

Actions (login required)

View Item View Item