Орални промени кај пациенти на хроничен хемодијализен програм

Rambabova, Emilija (2024) Орални промени кај пациенти на хроничен хемодијализен програм. Doctoral thesis, Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип.

[thumbnail of EMILIJA RAMBABOVA -doktorat_Konecna verzija.pdf] Text
EMILIJA RAMBABOVA -doktorat_Konecna verzija.pdf

Download (2MB)

Abstract

ВОВЕД
Оралното здравје и усната празнина претставуваат огледало на системското здравје. Повеќето различни системски болести, меѓу кои и хроничната бубрежна болест (ХББ), се причина за појава на спектар орални манифестации. Кај пациентите со терминална бубрежна слабост и дијабетес мелитус, распространетоста на знаците, симптомите и оралните лезии се значително поголеми во однос на оние што се без дијабетес мелитус.
ЦЕЛ НА ИСТРАЖУВАЊЕТО
Главна цел на ова истражување е да ја проследиме поврзаноста на терминалната хронична бубрежна болест со оралните промени кај ова група пациенти. Истовремено да го евидентираме евентуалното влијание на два различни тераписки модалитета на хемодијализа кај пациенти со терминален стадиум на бубрежна инсуфициенција. За реализација на главната цел се
поставени следниве специфични т.е. дополнителни цели, и тоа: да се процени влијанието на основното заболување дијабетес мелитус врз оралната лигавица, да се испита поврзаноста и влијанието на уремиските токсини кај пациенти на хемодијализа, врз оралната лигавица.
МАТЕРИЈАЛ И МЕТОД
Испитуваниот примерок опфати вкупно 75 адултни пациенти со ХББ стадиум 5.
Сите пациенти се поделени во две групи: пациенти што се на редовна хемодијализна програма со стандардна процедура на хемодијализа и втора група пациенти што се третирани со хемодијафилтрација. Дополнително се издвоени уште две групи пациенти со или без дијабетес мелитус. При клинички преглед, кај секоја индивидуа е евидентиран оралниот статус преку нотирање промени на оралната лигавица, забите и орално-хигиенскиот статус. На оралната лигавица е регистрирано евентуалното присуство на следниве промени: еритем, хиперкератоза, ерозивно-улцерозни промени, хиперплазија на
гингива, обложен јазик, фисурен јазик, пигментации и други промени.
РЕЗУЛТАТИ
Резултатите од истражувањето покажаа дека орални промени од типот еритем, хиперкератоза, ерозивно-улцерозни, обложен јазик и пародонтопатија поретко беа нотирани кај пациентите на третман со хемодијафилтрација, споредено со пациентите на третман со стандардна хемодијализа, но без статистички
потврдена разлика, додека значително поретка беше застапеноста на гингивална хиперплазијата. Споредбата на пациентите со и без дијабетес мелитус во однос на зачестеноста на орални промени покажа дека сите анализирани промени на оралната лигавица почесто се нотирани кај пациентите со дијабетес мелитус. Статистичка значајна разлика меѓу двете групи беше потврдена во однос на зачестеноста на појава на еритем, обложен јазик,
фисурен јазик и гингивална хиперплазија, додека зачестеноста од појава на хиперкератоза, ерозивно-улцерозни лезии, пародонтопатија и пигментација меѓу двете групи беше статистички незначајна.
ЗАКЛУЧОК
Во однос на влијанието на двата различни тераписки модалитета на хемодијализа кај пациенти со терминален стадиум на бубрежна инсуфициенција, нашата студија покажа дека орални промени беа поретко нотирани кај пациентите на третман со хемодијафилтрација. Сите анализирани промени на оралната лигавица почесто се нотирани кај пациентите со дијабетес мелитус во споредба со пациентите без дијабетес мелитус. Сите пациенти со еритем, хиперкератоза, ерозии и орални улцерации, гигнгивална хиперплазија, пигментации, фисурен јазик имаа зголемени вредности на mioglobin, Kapa и
Lambda, B2 microglobulin, IL-6. Значително зголемени вредности на IL-6 беа детектирани кај пациентите со хиперкертоза, гингивална хиперплазија и фисурен јазик.
КЛУЧНИ ЗБОРОВИ: оралнa, хемодијализа, хемодијафилтрација, дијабетес, инфламаторни, маркери.

Item Type: Thesis (Doctoral)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Sandra Atanasova
Date Deposited: 23 Feb 2024 11:55
Last Modified: 23 Feb 2024 11:55
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33754

Actions (login required)

View Item View Item