Теоретски основи за примена на краниосакралната терапија кај најчести проблеми во цервикалниот дел

Vasileva, Dance and Gjorgjievski, Dejan (2024) Теоретски основи за примена на краниосакралната терапија кај најчести проблеми во цервикалниот дел. Knowledge - International Journal, 62 (4). pp. 483-489. ISSN 1857-923X / 2545-4439 (Online)

[thumbnail of Publication] Text (Publication)
THEORETICAL+BASIS+FOR+THE+APPLICATION+OF+CRANIOSACRAL+THERAPY+IN+THE+MOST+COMMON+PROBLEMS+IN+THE+CERVICAL+PART.pdf - Published Version

Download (795kB)

Abstract

Цервикалната болка и дисфункција, и со нив пропратните знаци и симптоми се многу честа појава во денешно време, пред се заради зголемената употреба на информатичката технологија (компјутери, таблети и телефони) и се позачестениот седентарен тип на работа. Причините за болка, дисфункција и ограничена подвижност во цервикалниот дел се најразлични и мултифакториелни, но заедничко е тоа што е многу честа појава, го афектира квалитетот на животот, претставува товар на поединецот и општетството, води кон намалена работоспособност и загуба на продуктивноста кај луѓето. Особено загрижува се почестата преваленција на овој проблем и неговото појавување уште од училишна возраст кај младите, па сѐ до длабока старост. Заради зголемениот обем на појавување, неговата раширеност, проблемите, последиците и компликациите, кои произлегуваат од овој проблем, се одлучив за разработка на оваа тема. Биомеханичките карактеристики на цервикалниот дел од ’рбетот се должат на механичките и кинематичките карактеристики на прешлените, меѓупрешленските дискови, лигаментите, мускулите и нервните елементи, кои како структурно градбени елементи се составен дел на вратот. Различните патолошки состојби се етиолошки фактори се директна или индиректна причина за генерирање на цервикална болка, дисфункција и ограничен опсег на движење.
Краниосакралната терапија е нежна, неинвазивна, холистичка и интегративна мануелнотерапевтска техника, која е составен дел на остеопатијата, а како терапевтски пристап има за цел да воспостави интеграција помеѓу структурните и функционалните делови на нервниот систем, но и на целиот организам. Основните принципи на кои оваа техника се заснова, темелат на теоријата дека ограничувањата и рестрикциите во мобилноста на кранијалните сутури, вертебралната дура и рбетниот столб, имаат негативно влијание во создавањето и ширењето на краниосакралниот ритам. Овој ритам како ритмички импулси се шири од цереброспиналниот ликвор преку черепот и ’рбетниот столб се до сакрококцигеалниот комплекс. Сите овие структури кои се во директен или индиректен контакт со цереброспиналниот ликвор се дел од кранио-сакралниот систем и се потенцијално афектирани и поврзани со него. Самата техника посебно внимание му посветува на горниот цервикален механизам и со тоа се очекува директно влијание за подобрување на состојбата, функционалноста и подвижноста во овој особено значаен сегмент од цервикалниот дел. Многу различни проблеми и патолошки состојби кои се од мускулно-скелетна, травмтска, невролошка, но честопати и од емоционална или психолошка природа, го афектираат краниосакралниот систем и се потенцијална причина за појава на веќе споменатите ограничувања и рестрикции. Краниосакралната терапија користи еден уникатен систем и начин за третирање на овие ограничувања и рестрикции. Краниосакралните терапевти, преку техниките кои се составен дел на краниосакралната терапија, употребуваат благ и нежен притисок врз надворешните структури, кои се составен дел на овој систем, черепот, ’рбетот и сакро-кокцигеалниот комплекс, со цел терапевтска придобивка за пациентите со различни патолошки состојби, вклучително и мускулно-скелетни проблеми, трауми, неврити, невралгии и слично. Најчесто употребуваниот протокол е протоколот во 10 чекори, кој е поставен од страна на John Upledger, а за негова примена е потребна соодветна едукација и искуство. Заклучок: Во основа денес краниосакралната терапија е широко прифатена и применувана од страна на многу краниосакрални терапевти, остеопати, киропрактичари, мануелни терапевти, лекари и физиотерапевти. Некои од проблемите и тегобите минуваат брзо, додека некои попуштаат постепено и им е потребно повеќе време, а за стари и хронични проблеми е потребно и поголем број на третмани. Бројот на третмани, како и реактивноста на самиот третман е строго индивидуална и зависи од возраста, причината и јачината на изразеност на проблемот кај пациентот. Важно е да се напомене дека краниосакралната терапија претставува терапевтски пристап без употреба на лекови и е без несакани ефекти.
Клучни зборови: краниосакралната терапија, теоретски основи, терапевтски техники, цервикален дел, цервикални дисфункции.

Item Type: Article
Uncontrolled Keywords: краниосакралната терапија, теоретски основи, терапевтски техники, цервикален дел, цервикални дисфункции.
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Dance Vasileva
Date Deposited: 19 Feb 2024 12:13
Last Modified: 19 Feb 2024 12:13
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33671

Actions (login required)

View Item View Item