Примена на методот на Feldenkrais кај пациенти со мултиплекс склероза

Vasileva, Dance and Vitanova, Katerina (2024) Примена на методот на Feldenkrais кај пациенти со мултиплекс склероза. Knowledge - International Journal, 62 (4). pp. 453-459. ISSN 1857-923X / 2545-4439 (Online)

[thumbnail of Publication] Text (Publication)
APPLICATION+OF+THE+FELDENKRAIS+METHOD+IN+PATIENTS+WITH+MULTIPLE+SCLEROSIS.pdf - Published Version

Download (966kB)

Abstract

Многубројната симптоматика, хроничното и често прогредиентно протекување на мултиплекс склерозата што ја влошува физичката активност и квалитетот на живот на пациентите и го зголемува ризикот за нивна инвалидизација, наложува продолжителна мултидисциплинарна рехабилитација за постигнување на оптимано здравје. Методот на Feldenkrais е образовен систем кој користи балансирано движење, дишење и невро-мускулна релаксација за да им помогне на луѓето да се запознаат себеси, да ги подобрат своите функции и да постигнат психосоматска рамнотежа. Подобрувањето на индивидуалната функција се развива преку проширување на моторното наследство, усовршувајќи ја динамичната врска во организмот и во однос на гравитацијата и околината. Студијата има за цел да го проследи ефектот од примената на методот на Feldenkrais како дел од неврорехабилитацијата кај болни со примарно прогресивна форма на мултиплекс склероза. Материјал и методи: За исполнување на целта на студијата во период од 1 месец се испитани 6 пациентки (средна возраст 49.6±5.4) со примарно прогресивна форма на мултиплекс склероза. Кај средно 10% од пациентите заболувањето прогресира бавно и постепено од самиот почеток. Првите симптоми на мултиплекс склероза кај сите се појавуваат после 40-та година и почесто со пројавуваат со прогресивна миелопатија. Со методот на Feldenkrais не се ограничува на објаснување на движењето исклучиво во смисла на анатомија, биомеханика и кинезиологија, а потребно е да се разбере “организацијата” на движењето со истражување на неговата намерна или контекстуална природа. Мора да се научи како да се организира активно движење во средина за да се задоволат различни критериуми за активно движење. Методи на испитување и оценка: За анализа на ефектот од примената на методот на Feldenkrais како дел од неврорехабилитацијата кај болни со примарно прогресивна форма на мултиплекс склероза се користат: тест за трансфер (преминување од тилно лежење до лево/десно странично лежење, од тилно лежење до стоење) и тест на рамнотежа по скалата на Берг (Berg Balance Scale) – оценка на статична и динамична рамнотежа. Сите параметри од тестовите се оценети на 1-от, 10-от ден и 1-от месец од започнувањето со примената на методот на Feldenkrais. Резултати: Сите резултати од студијата го прикажуваат ефектот од примената на методот на Feldenkrais како дел од неврорехабилитацијата кај пациентки со примарно прогресивна форма на мултиплекс склероза. Ефектот врз функционалните можности кај пациентки со примарно прогресивна форма на мултиплекс склероза, оценети со (TUG) - тест за преместување и трансфер и тест за рамнотежа (Berg Balance Scale), е значаен за време на целото испитување и е најмногу изразен на 1-от месец од почетокот на примена на методот на Feldenkrais како дел од целокупната неврорехабилитација. Заклучок: Бидејќи методот на Feldenkrais работи на свесноста, на тоа како да се постигне и како да се користи, секој човек учи да се регулира себеси, наоѓајќи свои стратегии за промена. Комбинацијата на свесност и флексибилност е многу моќна во борбата против ефектите од оваа болест. Користењето на мускулите за движење наместо за поддршка против гравитацијата го подобрува опсегот на движење и помага да се има повеќе енергија. Потоа, да се научи да се започнува движењето од големите мускули лоцирани во центарот на телото овозможува подобра распределба на работата, овозможувајќи да се заштеди енергија и сила, кои се две главни грижи за пациентите со мултиплекс склероза. Потребни се идни посеопфатни истражувања за техниките на методот и нивно користење и исто да се запознаат и соодветно едуцираат и здравствените работници и пациентите со мултиплекс склероза.
Клучни зборови: мултиплекс склероза, примарно прогресивна форма, метод на Feldenkrais, неврорехабилитација

Item Type: Article
Uncontrolled Keywords: мултиплекс склероза, примарно прогресивна форма, метод на Feldenkrais, неврорехабилитација
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Dance Vasileva
Date Deposited: 19 Feb 2024 12:12
Last Modified: 19 Feb 2024 12:12
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33670

Actions (login required)

View Item View Item