Инциденција на хидроцефалус во терцијарен центар во Скопје, Република Северна Македонија во период од 2019-2021

Spasovska, Jasminka and Kamceva, Gordana (2023) Инциденција на хидроцефалус во терцијарен центар во Скопје, Република Северна Македонија во период од 2019-2021. Knowledge - International Journal, 61 (4). pp. 545-548. ISSN 2545-4439

[thumbnail of INCIDENCE+OF+HYDROCEPHALUS+IN+A+TERTIARY+CARE+CENTER+IN+SKOPJE,+REPUBLIC+OF+NORTH+MACEDONIA+IN+THE+PERIOD+OF+2019-2021.pdf] Text
INCIDENCE+OF+HYDROCEPHALUS+IN+A+TERTIARY+CARE+CENTER+IN+SKOPJE,+REPUBLIC+OF+NORTH+MACEDONIA+IN+THE+PERIOD+OF+2019-2021.pdf

Download (1MB)

Abstract

Хидроцефалус е проширување на мозочните комори или шуплини со вишок цереброспинална
течност. Терминот хидроцефалус доаѓа од грчките зборови хидро што значи „вода“ и цефалус што значи
глава, така што кај нашиот народ понекогаш се нарекува и „водена глава“. Најчесто се јавува кај доенчиња и
деца, со зачестеност од околу 1 на 500 живородени деца, иако може да се јави и кај возрасни, најчесто поради
тумори на мозокот, по траума на главата, менингитис и др. Ако не се лекува, хидроцефалусот води кон
оштетување на мозокот, сериозни нарушувања на неговата функција, дури и до смрт. Цел: Да се прикаже
хидроцефалусот како болест, инциденцата на хидроцефалус во детската во последните три години (2019-2021), да се потенцира важноста на нејзиното спречување, раното дијагностицирање и соодветниот третман.
Материјал и методи: Истражувањето е извршено на Клиника за Неврохирургија во Скопје. Во
ретроспективно-епидемиолошка студија се анализирани податоците од историите на пациентите кои доаѓале
во неурохируршката амбуланта за потврда на дијагноза на хидроцефалус во периодот од 2019 до 2021
година. Испитниците се поделени според возраста во неколку групи и тоа: возраст од еден месец
(новороденчиња), доенчиња (до 12 месечна старост), мали деца 3-5год и големи деца до 18 години.
Резултати: Во последните три години на Клиниката за неврохирургија во Скопје биле хоспитализирани
вкупно 4014 пациенти со најразни неврохируршки дијагнози. Од нив, на возраст од 0-18 години биле 147
пациенти, од кои 95 (64,63%) биле со дијагноза хидроцефалус.
Во 2019година, од вкупно 49 хоспитализирани деца, 32 деца биле со хидроцефалус (60%). Според возраст,
новороденчиња – 7, доенчиња – 8, мали деца од 2-5годишна возраст – 4, од 6-12годишна возраст – 8 и од 13-
18годишна возраст – 5. Во 2020 година, од вкупно 51 деца, 33 деца биле со хидроцефалус (61%). Според
возраст, новороденчиња – 8, доенчиња – 6, мали деца од 2-5годишна возраст – 3, од 6-12годишна возраст –
10 и од 13-18годишна возраст – 6. Во 2021 година, од вкупно 46 деца, 30 биле со хидроцефалија (70%).
Според возраст, новороденчиња – 7, доенчиња – 7, мали деца од 2-5годишна возраст – 1, од 6-12годишна
возраст – 11 и од 13-18годишна возраст – 4.
Заклучок: Анализата на податоците покажува дека хидроцефалусот е најчеста во првата година од животот
на детето, односно речиси подеднакво застапена кај новороденчињата и доенчињата. Кај возрасните се
среќава но е поретка и најчесто се јавува како постоперативна компликација. Во однос на половата
застапеност не постоеше значајна разлика, односно подеднакво беше дијагностицрана и кај машки и кај
женски деца.
Клучни зборови: хидроцефалус, новороденчиња, неврохиругија.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Gordana Kamceva
Date Deposited: 19 Feb 2024 12:04
Last Modified: 19 Feb 2024 12:04
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33668

Actions (login required)

View Item View Item