Хируршки третман и предвидување на ризик од патолошки фрактури со Mirel’s скор поради метастази на апендикуларниот скелет

Stefanovska, Monika and Kamceva, Gordana (2023) Хируршки третман и предвидување на ризик од патолошки фрактури со Mirel’s скор поради метастази на апендикуларниот скелет. Knowledge - International Journal, 61 (4). pp. 571-576. ISSN 2545-4439

[thumbnail of 2. SURGICAL+TREATMENT+AND+RISK+PREDICTION+OF+PATHOLOGICAL+FRACTURES+WITH+MIREL'S+SCORE+DUE+TO+METASTASES+OF+THE+APPENDICULAR+SKELETON.pdf] Text
2. SURGICAL+TREATMENT+AND+RISK+PREDICTION+OF+PATHOLOGICAL+FRACTURES+WITH+MIREL'S+SCORE+DUE+TO+METASTASES+OF+THE+APPENDICULAR+SKELETON.pdf

Download (1MB)

Abstract

Метастазите на апендикуларниот скелет се најчест неопластичен процес кој што го афектира
локомоторниот систем. Според својата инциденца, најчести се метастазите од карциномот на дојка, белите
дробови, бубрег, тиреоидна жлезда и простата. Tипот на хируршка интервенција кај пациентите може да
влијае на севкупното преживување на пациентите со оглед на растечкиот концепт на олигометастази.
Цел: Целта на трудот е да се прикаже зачестеноста на патолошката фрактура кај пациентите со метастази на
апендикуларниот скелет и изведениот оптимален хируршки третман, согласно стадиумот и очекуваното
преживување.
Материјали и методи: Студијата беше спроведена на Универзитетската клиника за Ортопедски болести во
периодот помеѓу 2019-2022 година. Истата е од ретро-проспективен карактер. Во студијата беа вклучени 74 пациенти со метастаза на апендикуларниот скелет од примарни карциноми на дојка, бели дробови, простата
и тиреоидна жлезда. Добиените податоци се систематизирани и направена е статистичка анализа.
Резултати: Според резултатите од истражувањето најзастапени се метастазите од карциномот на дојка, а на
второ место метастазите од карцином на бели дробови. Најчесто афектирана регија е проксималниот фемур,
кај пациентите беше направена остеосинтеза соодветно со динамична компресивна плочка (DHS) и
интрамедуларен клин (Intertan). Кај секој од пациентите направени се дијагностички инвестигации по
протокол: РТГ, КТ, скен на скелет со tc99m. По детерминирање на стадиумот на болеста пациентите беа
соодветно хируршки третирани, по чие завршување повеќето беа упати за адјувантна хемотерапија и
палијативна радиотерапија.
Заклучок: Настанувањето на патолошка скршеница е катастрофална компликација за повеќето онколошки
пациенти. Јасното разбирање на очекуваниот животен век на пациентите со коскени метастази е од голема
помош за да се спречат грешки и неуспеси во третманот.
Клучни зборови: Коскени метастази, патолошка фрактура, Mirels score.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Gordana Kamceva
Date Deposited: 19 Feb 2024 12:03
Last Modified: 19 Feb 2024 12:03
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33667

Actions (login required)

View Item View Item