Развој и валидација на RP-HPLC метод за определување на 2-феноксиетанол во козметички производи

Zinoski, Sandra and Arsova-Sarafinovska, Zorica and Starkoska, Katerina and Ortakova, Olga and Memeti, Shaban (2023) Развој и валидација на RP-HPLC метод за определување на 2-феноксиетанол во козметички производи. In: I Симпозиум со меѓународно учество од областа на фармацијата „Фармацевтска грижа – можности и предизвици”, 23 Sept 2023, Stip, Macedonia.

[thumbnail of Zinoski_S_kniga-na-apstrakti-fmn-farmacija.pdf] Text
Zinoski_S_kniga-na-apstrakti-fmn-farmacija.pdf

Download (480kB)
[thumbnail of Zinoski_Phenoxyethanol_poster.pdf] Text
Zinoski_Phenoxyethanol_poster.pdf

Download (558kB)
[thumbnail of kniga-na-apstrakti-fmn-farmacija_repozitorium.pdf] Text
kniga-na-apstrakti-fmn-farmacija_repozitorium.pdf

Download (1MB)

Abstract

Феноксиетанолот е хемиско соединение кое широко се користи во козметиката и фармацијата. Се употребува како конзерванс во производите за нега на кожа. Во медицината, служи како стабилизатор за вакцини и како средство за дезинфекција во офталмолошки раствори. Изложеноста на феноксиетанол е поврзана со реакции кои се движат од егзема до сериозни алергиски реакции. Затоа, одредувањето на 2-феноксиетанол во козметичките и фармацевтските производи е од клучно значење за да се обезбеди нивната безбедност. Наша цел беше да развиеме едноставен RP-HPLC метод со UV детекција за одредување на конзервансот 2-феноксиетанол во комерцијално достапните козметички производи. Методот беше валидиран со определување на параметрите: соодветност на системот, специфичност, линеарност, опсег, точност, прецизност, граница на детекција и граница на квантификација. Потоа, методот беше применет за одредување на 2-феноксиетанол во 10 различни козметички производи за нега на кожа. Предложениот RP-HPLC метод овозможува едноставно, точно, прецизно и брзо одредување на 2-феноксиетанол во козметичките производи. Предностите на методот вклучуваат едноставна подготовка на примерокот, добра прецизност (RSD помала од 2%) и добар аналитички принос (поголем од 99%). Границата на детекција (LOD) и границата на квантификација (LOQ) беа 0,0243 mg/ml и 0,0738 mg/ml, соодветно.

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Health sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Zorica Arsova Sarafinovska
Date Deposited: 13 Feb 2024 11:02
Last Modified: 13 Feb 2024 11:02
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33569

Actions (login required)

View Item View Item