Современ менаџмент

Jakovlev, Zlatko (2023) Современ менаџмент. Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, Штип. ISBN 978-608-244-981-4

Full text not available from this repository.

Abstract

Пишуваниот материјал ја третира проблематиката на развојот на современиот
менаџмент и неговата улога и значење за работењето на претпријатијата како и
нивното влијание врз вкупната економија на одредена земја, а посебно во
Република Македонија. Современиот менаџмент, со оглед на неговото значење и
важност во работењето на претпријатието, покривајќи ги сите функции на работење,
истиот се наметнува како императив. Според авторот, огромниот интерес е производ
на: општествениот карактер на современиот менаџмент со кој се канализираат
одговорностите во насока на ефикасно и ефективно реализирање на целите, фактот
што современиот менаџмент е базична карактеристика на индустриското општество,
тоа што современиот менаџмент е најзначаен орган во претпријатието со што тој
останува фундаментална и доминантна институција се додека постои
цивилизацијата. Во тој контекст, авторот истакнува дека современиот менаџмент е
универзална активност која се применува и се наоѓа во сите видови организациони
системи (влади, министерства, општини, универзитети, хотели, туристички агенции,
комунални претпријатија, аеродроми, трговски претпријатија, болници, компании,
општествени организации, политички партии и друго) и е присутен во сите функции и
хиерархиски нивоа на тие системи. Според тоа, авторот истакнува дека современиот
менаџмент е динамичен процес, бидејќи му дава живот на секој аспект на деловните
активности.

Item Type: Book
Additional Information: DOI: https://www.doi.org/10.46763/9786082449814
Subjects: Social Sciences > Other social sciences
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Zlatko Jakovlev
Date Deposited: 12 Feb 2024 14:29
Last Modified: 12 Feb 2024 14:29
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33551

Actions (login required)

View Item View Item