Физичко-хемиски испитувања со примена на SEM-EDS и конзервација на пет стаклени садови од архелошкиот локалитет Стоби

Robeva-Čukovska, Lidija and jankulovska Peeva, Biljana and Sijakova-Ivanova, Tena (2023) Физичко-хемиски испитувања со примена на SEM-EDS и конзервација на пет стаклени садови од архелошкиот локалитет Стоби. ПАТРИМОНИУМ.МК, 16 (21). pp. 315-337.

[thumbnail of PHYSICO-CHEMICAL EXAMINATIONS USING SEMEDS AND CONSERVATION OF FIVE GLASS VESSELS.pdf] Text
PHYSICO-CHEMICAL EXAMINATIONS USING SEMEDS AND CONSERVATION OF FIVE GLASS VESSELS.pdf - Published Version

Download (1MB)
[thumbnail of Sodrzina - Spisanie prvi strani 2023.pdf] Text
Sodrzina - Spisanie prvi strani 2023.pdf

Download (349kB)

Abstract

Во трудот се презентирани резултатите од физичко-хемиските анализи изведени во рамките на конзерваторските истражувања на пет стаклени садови, како и конзерваторската процедура спроведена за нивна непосредна заштита. Анализираните садови се откриени со ископувањата на Западната некропола на археолошкиот локалитет Стоби и истите се дел од една поголема група предмети вклучена во проектот ,,Конзервација и реставрација на керамички и стаклени садови од збирката на НУ Стоби“ (2015 – 2018 година). Четири од предметите имаат хоронолошка определба прва половина на III до втора половина на IV век од н.е., а еден предмет е датиран во I век од н.е.
Анализите се спроведени со цел да се определи причинско-последичната врска помеѓу хемискиот состав и деградацијата на стаклото манифестирана со различни физички промени, во форма на пукнатини, вдлабнатини (јами), раслојувања и иридизација.
Истражувањата се изведени со примена на оптичка микроскопија и SEM-EDS недеструктивната аналитичка техника, која овозможи несомнена карактеризазија на состојбата на алтерираното стакло. Хемиските анализи определија променлив состав, голем степен на деалкализација, присуство на формирани соли, како и депозити од непосредната околина каде што било погребано стаклото.
Конзервацијата на стаклените садови е де-
тално опишана со сите методи, постапки и конзерваторски материјали кои беа употребени. Успешноста на проектот може да се види од крајната презентација на предметите.

Item Type: Article
Subjects: Natural sciences > Other natural sciences
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Tena Sijakova Ivanova
Date Deposited: 08 Feb 2024 11:33
Last Modified: 08 Feb 2024 11:33
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33471

Actions (login required)

View Item View Item