Gogova Samonikov, Marija and Ivanova, Verica (2023) Анализа на берзанскиот и девизниот пазар во Македонија. Годишен зборник 2023, 24 (1). ISSN 1857-7628
Text
За зборник - Верица.pdf Download (608kB) |
Abstract
Девизниот систем е збир на законски прописи со кои се регулира, ограничува или забранува прометот на стоки и услуги со странство, стекнувањето и располагањето со девизи, како и на сите плаќања и наплатувања со странство. Станува збор за прописи, инструменти и мерки со чија помош државата ги регулира меѓународните плаќања, со намера да избегне ситуации на несолвентност на земјата, а притоа да обезбеди рационално вклучување на националното стопанство во меѓународната поделба на трудот, како основа за остварување на задоволителен одржлив развој. Не е проблем со примена на некои од споменатите мерки да се обезбеди уредно плаќање на обврските спрема странство. Меѓутоа, проблем е ако таквата цел се остварува само со ограничувања и забрани на увозот на стоки и услуги, со ограничувања и забрани за задолжување од странство, како и со ограничувања на определени плаќања спрема странство. На тој начин целта ќе се оствари, меѓутоа, нема сомнение дека ќе се ограничат развојните потенцијали на националното стопанство што зависат од увозот, од можноста за задолжување спрема странство и од можноста за извршување на определени плаќања во странство. Девизните системи се разликуваат според степенот на ограничувањата и забраните што ги прави секоја земја во зависност од потребите. Поради тоа може да се каже дека нема два идентични девизни системи. Сепак, разликите меѓу нив се многу поголеми во помалку развиените економии отколку во развиените земји. Разликите се намалуваат со зголемувањето на степенот на либерализацијата на економските односи со странство. Во суштина, можат да се разликуваат строги и либерални девизни системи. Преку строгите девизни системи недоволно развиените земји настојуваат, покрај определени жртви поради ограничувањата и забраните, да обезбедат побрз развој на некои стопански гранки од стопанството или побрзо да достигнат определено ниво на развој на вкупното стопанство.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Marija Gogova |
Date Deposited: | 08 Feb 2024 10:38 |
Last Modified: | 08 Feb 2024 10:38 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33456 |
Actions (login required)
View Item |