Gogova Samonikov, Marija and Josifova, Viktorija (2023) Евалуација за ризиците во банкарскиот систем на РС Македонија во периодот од 2020 до 2021 година. Годишен зборник 20203, 24 (1). ISSN 1857-7628
Text
За зборник - Викторија.pdf Download (1MB) |
Abstract
Банкарскиот сектор се стреми кон оптимална профитабилност, меѓутоа е изложен на различни видови ризици кои се присутни во работењето на финансиските институции. Банките за да избегнат финансиска криза мораат да ги проценат ризиците, се со цел нивно полесно справување и остварување максимална продуктивност во своето континуирано работење.
Ниеден бизнис не е имун на значајните нивоа на неизвесност, па така и банкарскиот сектор. Континуираните глобални предизвици и потенцијалната егзистенцијална закана предизвикана од пандемија ковид – 19, политичката поделеност, социјалните и економските немири, менувањето на преференциите на клиентите и демографијата, промена на каматните стапки, промена на депозитите, имиграциските предизвици и многу други, се значајни двигатели на ризик кои придонесуваат за значителни нивоа на несигурност.
Банките како финансиски институции во Република Северна Македонија се изложени на голем број ризици, а тоа посебно се забележува во 2020 година со појавата на пандемијата, која имаше влијание врз целокупната економија. Во 2021 година веќе се забележани повисоки показатели со што профитабилноста во банкарскиот систем се зголемува.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Marija Gogova |
Date Deposited: | 08 Feb 2024 10:38 |
Last Modified: | 08 Feb 2024 10:38 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33455 |
Actions (login required)
View Item |