Majhosev, Andon (2024) Медиумите во Штип: историја на подеми и падови. Nacionalna ustanova Univerzitetska biblioteka Goce Delcev Stip, Stip. ISBN 978-608-242-142-1
Text
Медиумите во Штип-(И)сторија на подеми и падови.pdf - Published Version Download (303kB) |
Abstract
Потребата да се напише оваа книга произлегува од фактот што
досега не е објавена публикација за медиумската историја во Штип.
Во текстот се опфатени појавата, развојот и опстојувањето на
медиумите во период од осум децении. Во текстот поголем акцент е ставен на традиционалните медиуми.
Појавата и развојот на традиционалните медиуми во Штип се
одвивал систематски и со различна динамика. Тие имале подеми и падови. Медиумската сфера е динамична, како што е динамичен животот. Легислативата и политиките во медиумската сфера перманентно се менуваат и критички oценуваат. Една стара филозофска мудрост на Хераклит гласи “Ништо не е вечно, освен промените”, односно “Се тече и се се менува” (Panta rei). Се менуваат и медиумите во секој поглед. Имало периоди кога едни медиуми се раѓале, а други згаснувале. Во одредени периоди побројни биле печатените, а во други електронските медиуми.
Период којшто е предмет на нашата анализа е 1945-2022 година. Oвој период опфаќа два општествено-политички система, кои, еден од друг, суштински се разликуваат. Првиот период од 1945-1990 година е периодот на социјализмот, а вториот е периодот по 1991 и е познат како повеќепартиски систем или политички плурализам.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Media and communications |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Andon Majhosev |
Date Deposited: | 08 Feb 2024 10:35 |
Last Modified: | 08 Feb 2024 10:35 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33449 |
Actions (login required)
View Item |