Сајбер криминалот низ призмата на целите за одржлив развој на ООН: Преточување на член 16.3 во националналното право

Doneva, Natasa (2022) Сајбер криминалот низ призмата на целите за одржлив развој на ООН: Преточување на член 16.3 во националналното право. In: Концептот на одржлив развој во правото и во политиките: застапеност, предизвици и перспективи, 02 June 2022, Law Faculty, University of Goce Delcev.

[thumbnail of Програма Одржлив развој.pdf] Text
Програма Одржлив развој.pdf

Download (297kB)
[thumbnail of Сајбер криминалот низ призмата на целите за одржлив развој на ООН Преточување на член 16.3 во националналното право.pdf] Text
Сајбер криминалот низ призмата на целите за одржлив развој на ООН Преточување на член 16.3 во националналното право.pdf

Download (138kB)

Abstract

Mистеријата наречена сајбер криминал е особено интересна за следење со оглед на фактот дека е динамична, постојано се модифицира, се менуваат појавните облици, се менува modus operandi, се продира во сфери и области кои се од круцијално значење за опстанокот на самите држави. Се злоупотребува информатичкиот изум за започнување на нови бескрупулозни војни, за ширење ксенофобични пораки, за крадење парични средстава, за крадење на берзанските тајни, за инсајдерски информации и сл. Речиси и да нема крај на енормната листа на полиња на продор, проблеми кои не се започнати токму со овој вид модерен криминал. Потребата од негово сузбивање и те како е алармантна и бара меѓународна соработка и помош, за резултати кои иако нема да бидат утопистички, барем ќе се задоволителни. Интенцијата на овој труд е да се укаже на потребата од посеопфатна меѓународна соработка, како и на воведување на т.н Дигитална женевска конвенција . Што значи тоа и зошто токму тој назив? Дигиталната женевска конвенција би била дигитална копија на познатите Женевски конвенции кои се синоним за воено-хуманитаното право во светот. Тука е и потенцијалната солуција за евентуално формирање на меѓународен трибунал наменет само за сајбер криминалот кој ќе се темели на правични начела и принципи, а воедно ќе обезбеди механизми за заштита на човековите слободи и права. Овие тези етаблирани сега, доколку се реализираат, ќе бидат можеби историски чекор направен за детектирање, превенирање, санирање и анулирање на далекосежните последици од сајбер криминалот/тероризмот.
Точка 16 од целите за одржлив развој на ООН, меѓу другото предвидува: Да се промовира владеење на правото на национално и на меѓународно ниво, и да се обезбеди еднаков пристап до правда за сите. Тоа значи инклузивно носење одлуки на сите нивоа, развивање на ефикасни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа, се со цел да се обезбеди владеење на правото и етаблирање на правна држава. Еден од чекорите да се постигне тоа е и борбата со транснационалниот криминал, а голем предизвик во таа насока е и претходно елаборираниот сајбер криминал.

Item Type: Conference or Workshop Item (Lecture)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Natasa Doneva
Date Deposited: 08 Feb 2024 08:30
Last Modified: 08 Feb 2024 08:30
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33445

Actions (login required)

View Item View Item