Влијанието на менаџментот на знаење врз перформансите на организацијата

Badarovski, Todor (2024) Влијанието на менаџментот на знаење врз перформансите на организацијата. Doctoral thesis, Економски факултет - Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.

[thumbnail of Докторски труд - Тодор Бадаровски.pdf] Text
Докторски труд - Тодор Бадаровски.pdf

Download (3MB)

Abstract

Целта на оваа докторска дисертација е да се докаже поврзаноста помеѓу менаџментот на знаење и перформансите на организацијата. Главниот фокус на овој труд ќе се стави на анализа на факторите кој влијаат на оваа врска како и ефектот и влијанието кое го имаат поединечните фактори. Во согласност со овој аргумент е поставена и главната хипотеза на ова истражување, која се базира на незаменливоста на менаџментот на знаење во денешното глобално опкружување каде конкуренцијата е на високо ниво во поглед на остварување на позитивни организациски перформанси. Поголемиот дел од емпириските докази кои ги обезбедивме во текот на ова истражување укажуваат на заклучокот дека е речиси невозможно за една организација да оствари значителна конкурентска предност и раст без соодветно менаџирање на организациското знаење. Ова посебно станува очигледно во технолошките и индустриските гранки каде организациското знаење и неговото менаџирање дирекно влијае врз квалитетот на услугите и производите кои организациите ги испорачуваат, како и на брзината со која ги испорачуваат.
За да ја потврдиме поставената хипотеза, спроведовме примарно истражување на 112 испитаници од 4 компании од информатичкиот сектор во Република Северна Македонија. Го избравме информатичкиот сектор како таргет група на ова истражување поради неговата дирекна зависност од знаењето со цел најдобро да може да се воочи врската помеѓу менаџментот на знаење и организациските перформанси. Исто така на денешните пазари информатичките компании моментално се лидери во споредба со другите индустриски гранки во креирање и воведување на нови и иновативни системи за менаџмент со знаење што може позитивно да влијае во процесот на докажување на тезите од ова истражување.
Со цел да откриеме дали постои корелација помеѓу нивото на менаџментот на знаење и перформансите на организацијата, извршивме анализа на добиените податоци од анкетирањето на вработените со помош на софтерот IBM SPSS Statistics. Исто така извршивме и анализа на содржина преку согледување на најновата литература и истражувања на оваа тема.
Веруваме дека ова истражување има двоен придонес. Придонесува за збогатување на академската литература, како и за стекнување афирмација и промоција на менаџментот на знаење како клучна алатка во целокупното менаџирање на организацијата со цел остварување на позитивни организациски перформанси и конкурентска предност. Ова посебно е значајно за домашниот пазар каде организациите во С.Македонија најчесто го третираат процесот на менаџмент со знаење како секундарна активност која не е поврзана со примарната дејност на организацијата.
Користејќи ги емпириските факти и анализи, во оваа докторска дисертација се обидовме да ги разложиме процесите на менаџментот со знаење и организациски перформанси и да ја откриеме и докажеме поврзаноста помеѓу поединечните фактори во овие процеси.

Item Type: Thesis (Doctoral)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Elenica Sofijanova
Date Deposited: 05 Feb 2024 12:36
Last Modified: 05 Feb 2024 12:36
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33409

Actions (login required)

View Item View Item