Сметководствената професија во новата дигитална ера

Stoilkova, Viki and Koleva, Blagica and Gorgieva-Trajkovska, Olivera (2023) Сметководствената професија во новата дигитална ера. Годишен зборник на Економски факултет, УГД, Штип, 15 (25).. ISSN 1857-7628

[thumbnail of YEARBOOK 25-2023.pdf] Text
YEARBOOK 25-2023.pdf

Download (1MB)
[thumbnail of 25-2.pdf] Text
25-2.pdf

Download (375kB)

Abstract

Предмет на обработка во овој труд претставуваат промените со кои се соочува сметководствената професија во новата дигитална ера, со посебен осврт даден на клучните предизвици и технологиите кои можат да дадат придонес за нивно надминување. Сметководствената професија, како неизоставен дел од корпоративното управување, се соочува со значителни промени во контекстот на новата дигитална ера. Воведот на напредни технолошки иновации, како што се вештачка интелигенција, „облак“ компјутерски системи и блокчејн технологија, придонесува досегашните методи и практики во сметководството да исчезнат. Трудот се фокусира на разбирањето на тоа како сметководствената професија треба да се адаптира и интегрира со овие нови технологии.
Со воведување на вештачката интелигенција, сметководителите имаат можност да автоматизираат многу рутински задачи, што ќе им овозможи да се фокусираат на стратешки и аналитички аспекти на својата работа. Истовремено, „облак“ компјутерски системи обезбедуваат можност за повеќефункционалност и мобилност, овозможувајќи пристап до податоци од било каде и било кога. Блокчејн технологијата, со својата дистрибуирана и непроменлива природа, допринесува за обезбедување на интегритетот и сигурноста на финансиските трансакции.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Blagica Koleva
Date Deposited: 06 Feb 2024 11:50
Last Modified: 06 Feb 2024 11:50
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33397

Actions (login required)

View Item View Item