Перспективи и предизвици на сметководствената професија во РС Македонија

Tasevska, Bisera and Koleva, Blagica and Gorgieva-Trajkovska, Olivera (2023) Перспективи и предизвици на сметководствената професија во РС Македонија. Годишен зборник на Економски факултет, УГД, Штип, 15 (25). ISSN 1857-7628

[thumbnail of YEARBOOK 25-2023.pdf] Text
YEARBOOK 25-2023.pdf

Download (1MB)
[thumbnail of YEARBOOK 25-2023.pdf] Text
YEARBOOK 25-2023.pdf

Download (1MB)
[thumbnail of 25-1.pdf] Text
25-1.pdf

Download (344kB)

Abstract

Предмет на обработка во овој труд претставуваат перспективите и предизвиците со кои се соочува сметководствената професија во РС Македонија со цел разработка на денешните и идните проблеми на сметководствената професија како и новите предизвици.Клучот да се разбере еден бизнис се наоѓа во разбирањето на неговото сметководство. Сметководството има централна улога во работењето на секој модерен бизнис. Сметководството како професија во развојот на економијата на една земја е од непроценливa важност. Сметководителите се јадрото на економијата, важна алка помеѓу државата и бизнис секторот, одговорни за пресметување и прибирање на даноците од кои се полни буџетот, сметководителите се консултанти на бизнис секторот. Сметководителите се исправени пред предизвикот континуирано да го надградуваат сопственото знаење и умеење и постојано да пронаоѓаат начини, методи и технологии. Сметководителите се во позиција да мора да го прилагодат својот начин на функционирање, со нови информатички технологии и придобивките кои истите ги нудат. Сметководствената професија исто како и многу други професии, се испречува пред предизвикот наречен континуирана едукација и знаење од повеќе области, вклучувајќи ја и информатичката технологија. Оние сметководствени компании кои ќе успеат да направат трансфер на своето знаење и умеење, кои постојано и успешно ќе менаџираат со знаењето на своите вработени и ќе бидат во тек со новите информатички технологии, ќе успеат во голема мера да остварат компаративни предности во однос на конкуренцијата.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Blagica Koleva
Date Deposited: 06 Feb 2024 08:51
Last Modified: 06 Feb 2024 08:51
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33396

Actions (login required)

View Item View Item