Рекурентната депресија од агол на маладаптивното информационо процесирање - преглед на литература

Miloseva, Dijana and Velkoska Nakova, Valentina (2023) Рекурентната депресија од агол на маладаптивното информационо процесирање - преглед на литература. Medical Journal - MEDICUS, 28 (3). pp. 399-404. ISSN 1409-6366

[thumbnail of 23.1. Medicus 2023.pdf] Text
23.1. Medicus 2023.pdf

Download (6MB)

Abstract

Вовед: Повеќе децениските истражувања на улогата на когнитивните фактори во депресијата дале поддршка
за многу аспекти на когнитивните теории на депресија. Теориско-емпириската рамка од која тргнавме
при постулирање на проблемот на овој прегледен труд е парадигмата на маладаптивното информационо
процесирање.
Цел: Основната цел на трудот е преглед на литературата и приказ на наодите од истражувањата за проверка
на претпоставките на Тисдејловата хипотеза за диференцијална активација (ang. Differential Activation
Hypothesis; Teasdale, 1988), како една од доминантните во когнитивно-бихејвиоралната научна литература, кои
се однесуваат на механизмите на рекурентниот тек на депресија. Се однесува на интеракцијата на афектот и
когницијата и нивната улога како механизми кои го објаснуваат рекурентниот тек на депресивното растројство.
Тисдејловата хипотеза на диференцијална активација тврди дека за јавување на депресивните когниции мора
да постои благо негативно расположение, кое пак се јавува како одговор на одредени стресни поттици од
средината, дури и со низок интензитет.
Заклучок: Добиените резултати од досегашните истражувања даваат поддршка на различни аспекти на овој
модел и укажуваат на значењето на интерактивниот пристап при испитување на факторите кои придонесуваат
за рекурентниот тек на депресијата.
Понатаму, разработувањето на одговорот на овие прашања, низ истражувања кои ги земаат во предвид
спомнатите аспекти, би придонеле да се разберат ситуационите, диспозиционите, емоционалните и
когнитивните механизми во рамки на рекурентните депресивни симптоми.
Клучни зборови: рекурентна депресија; когнитивна реактивност; тага

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Valentina Velkovska
Date Deposited: 01 Feb 2024 12:13
Last Modified: 09 Feb 2024 11:48
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33375

Actions (login required)

View Item View Item