Управување со трошоците како основа за зголемување на ефикасноста во работењето на компаниите

Sorov, Konstantin and Gorgieva-Trajkovska, Olivera (2023) Управување со трошоците како основа за зголемување на ефикасноста во работењето на компаниите. Годишен зборник на Економски факултет, УГД, Штип, 15 (24). ISSN 1857-7628

Full text not available from this repository.

Abstract

Aпстракт. Управувањето со трошоците значи нивно рационално намалување
со цел зголемување на профитабилноста на компаниите. Ефикасното управување со
трошоците овозможува реализација на поставените цели на работењето и остварување
конкурентска предност на компаниите на пазарот.
Ова, всушност, значи поефикасна употреба на расположливите ресурси и строга
контрола на трошоците, преку намалување на активностите, што резултираат со високи
трошоци.
Покрај наведената основна цел, можат да бидат издвоени уште две цели, а тоа
се: остварување на глобална конкурентност на компаниите на пазарот и континуирано
подобрување на бизнисот. Врз основа на овие цели, управувањето со трошоците се
дефинира како „филозофија, став и низа техники насочени кон создавање поголема
вредност по пониска цена“.
Долгорочното одржување на конкурентската позиција на претпријатијата на
пазарот е невозможно без активна политика на управување со трошоците.
Од оваа причина, во овој труд се укажува токму на значењето на управувањето
со трошоците како функција на менаџментот, преку анализа на различните системи за
управување со трошоците, како традиционални, така и современи.
Клучни зборови: трошоци, управување, ефикасност, одлучување, методи

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Olivera Trajkovska
Date Deposited: 30 Jan 2024 11:02
Last Modified: 30 Jan 2024 11:02
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33341

Actions (login required)

View Item View Item