Trajkovska, Mihaela and Koleva, Blagica and Gorgieva-Trajkovska, Olivera (2023) Методи за пресметка на трошоците. Годишен зборник на Економски факултет, УГД, Штип, 15 (24). ISSN 1857-7628
Full text not available from this repository.Abstract
Aпстракт. Предмет на обработка во овој труд претставуваат методите за пресметка
на трошоците, со посебен осврт на современите методи, преку анализа на начинот на
кој истите ги опфаќаат и пресметуваат сметководствените трошоци, со цел за што е
можно попрецизно одредување на цената на чинење на учиноците.
Современите методи за пресметка на трошоците имаат значајна улога во
современите пазарни економии, заради сѐ поизразената потреба за хармонизација
на производствените процеси и ефикасно управување со финансиите, односно
зголемување на профитот на компаниите. Традиционалните системи за пресметка на
трошоците се недоволно ефикасни во управувањето со производството, затоа што во
услови на развиени и високо конкурентни пазари, се јавува потреба во исто време да се
произведува поефтино, со повисок квалитет и побрзо во однос на конкуренцијата. Ова
може да се постигне со воведување и примена на современите методи за пресметка на
трошоците, кои имаат различни цели и со самото тоа, не се универзални за сите типови
на индустрии.
Врз основа на различните потреби на компаниите и поставените цели на
работењето, менаџментот избира еден од методите за пресметка на трошоците, кој
најдобро ги задоволува потребите на сметководството и стратешкиот менаџмент на
компанијата.
Клучни зборови: трошоци, управување, методи, пресметка
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Olivera Trajkovska |
Date Deposited: | 30 Jan 2024 11:02 |
Last Modified: | 30 Jan 2024 11:02 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33340 |
Actions (login required)
View Item |