Jakimovska, Svetlana (2023) Пулсот на Озирис во препевот на песната „Грозомор“ од Ацо Шопов на француски и на англиски јазик. Зборник на трудови од Меѓународната научна конференција „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“, 25-26 May, Stip, 1 (1). pp. 305-321. ISSN 978-608-277-017-8
Text
ацо шопов.pdf Download (298kB) |
Abstract
Предмет на анализа на трудот е препевот на песната Грозомор од Ацо Шопов на француски и на англиски јазик. Теориската рамка во која е поставено истражувањето се филозофско-поетските теории на Езра Паунд и матрицата на преводливост како модел за евалуација на преводите. Според Паунд, преведувачот, како и Исис во митот за Озирис, ги собира раштрканите делови на богот на мртвите, на делото што се преведува, а потоа ги составува и во нив, го бара новиот живот, новиот збор. Преведувачот треба да го „наелектризира“ јазикот, преку звукот, ритамот, формата, преку иновација, тој треба да му подари пулс на Озирис, на преводот. Алатката со која се мери енергијата, пулсот на Озирис е матрицата на преводливост. Матрицата на преводливост е заснована на учењата на руските формалисти за алогичностите и аграматикалностите на кои се должи уметничкиот ефект на литературното дело. Анализата се врши на фонолошко, лексичко, синтаксичко и семантичко рамниште. Трудот го зема предвид и паратекстот како значаен елемент при пренесувањето на литературните текстови од една во друга култура. Предмет на анализа се материјалите достапни во електронска форма во Лирскиот дом на Ацо Шопов.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Svetlana Jakimovska |
Date Deposited: | 01 Feb 2024 12:16 |
Last Modified: | 01 Feb 2024 12:16 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33307 |
Actions (login required)
View Item |